Македонија
СДСМ: Пропадна уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, ММФ има доверба во македонската економија
„Денеска, уште една лага и груба манипулација на ВМРО-ДПМНЕ падна во вода. Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку кредитната линија за претпазливост во рок од 24 месеци“, соопштија денеска од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека „ова е големо признание за економските политики што се спроведуваат во земјата бидејќи ММФ овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски политики“.
„Со ова пропадна уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, која партијата со месеци ја ширеше дека наводно македонската економија не била стабилна и ќе има тешкотии при наоѓање кредитни аранжмани со поволни каматни стапки. И во време на криза ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните, со лаги и измислици се обидуваше да ѝ наштети на економијата и да го наруши меѓународниот рејтинг на државата. Таквите деструктивни обиди не успеаја, македонската економија е препознаена како стабилна и ликвидна, а меѓународни финансиски институции покажуваат висок степен на доверба кон економските политики на Владата“, велат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.