Македонија
(Видео) Талески: Извештајот на ЕК го препознава напредокот на државата

„Нашата држава доби позитивен Годишен извештај од Европската комисија за 2022 година. Извештајот го препознава напредокот и одржливоста на реформскиот процес и го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ со одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Споредено со другите држави од Западен Балкан, Република Северна Македонија сè уште стои најдобро во регионот во Кластерот Фундаментални вредности, а оценката за вкупната подготвеност гласи ‘добро ниво на подготвеност’“ – посочи денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески.
Талески посочи дека „позитивниот извештај на ЕК е признание за напорите на Владата и парламентарното мнозинството предводени од СДСМ за реализација на реформите важни за евроинтегративниот процес“.
„И додека сите честитаат на позитивниот извештај, единствено ВМРО-ДПМНЕ како докажана антиевропска партија шири лаги и ја извртува содржина на Извештајот. Критиката на ВМРО-ДПМНЕ е целосно спротивна на оценката на ЕК дека државата има издржан реформски напредок кон ЕУ. Вистината е дека во Извештајот најмногу критика има за опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните блокади во Собранието каде имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата“, рече Талески и истакна дека:
„ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да дава оценка за Извештајот, затоа што нашата држава најлошите извештаи од Европската комисија ги имаше токму за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).