Свет
Лукашенко: Против нас се води вистинска хибридна војна, а Украина е само изговор

Против сите нас се води вистинска хибридна војна, а Украина е само изговор, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко, а пренесува „Белта“.
„За жал, она за што многу зборувавме во изминатите години се оствари, стана реалност. Против сите нас се води вистинска хибридна војна. Украина е само изговор. Плановите на одделни земји за одмазда за изгубените кампањи во минатиот век беа фалсификувани многу одамна, почнувајќи од, како што е познато, од првите денови по победата во Втората светска војна, а можеби и порано“, истакна Лукашенко.
Тој посочи дека западните стратези сакаат да ја поделат евроазиската територија на сектори на влијание и да ги искористат земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) за да извлечат суровини и индустриски профит од нив.
Лукашенко истакна дека треба да бидат подготвени за разни провокации по целиот периметар на Заедницата на независни држави и дека последните настани во Казахстан и Узбекистан се убедливи и многу поучни примери, но тоа е само почеток, сите ќе бидат на тест.
Според него, Русија и Белорусија во моментов се цел на акутни економски и финансиски напади.
Членки на ЗНД се: Русија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Узбекистан. Заедницата е основана на 18 декември 1991 година.
На овогодишниот самит, прв од 2020 година на кој директно учествуваат лидерите, не присуствува претседателот на Молдавија.
Во последниве години Украина го суспендираше учеството на состаноците на ЗНД.
Претходно, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко предупреди дека практиката на западните земји да организираат политички удари во други земји и да воведуваат санкции создава ризик од избувнување на Третата светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.