Македонија
Шаќири – Неделков: Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем
Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков, на која се разговараше за актуелните состојби и идни планови во образованието.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири потенцираше дека е особено задоволен од соработката со СОНК во изминатите месеци во кои тој раководи со министерството и очекува истата да се интензивира во интерес на градењето подобар образовен систем, затоа што, како што рече, ќе се интензивираат и сите останати процеси кои треба да ја доближат државата до зачленување во европското семејство со кое преговорите се веќе отпочнати.
Истакна дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и без нивна мотивираност, не може да има ниту квалитетна настава, ниту пак промените би биле ефективни и затоа, МОН исто како и СОНК се заложува за унапредување на нивните права и услови за работа. Потсети дека покачувањето на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% од минатиот месец е токму резултат на успешната соработка и договор помеѓу социјалните партнери.
И претседателот на СОНК, Неделков рече дека е задоволен од отвореноста на министерството за соработка и заедничко имплементирање на иницијативи кои се од интерес на учениците, наставниците и воопшто од интерес за поквалитетно образование. Очекува, како што рече во иднина институциите на системот да обезбедат механизам за континуиран раст на личните примања на просветните работници.
На средбата се дискутираше и за процесот на изработка и достава на нови учебници и наставни материјали, особено во основното образование, како актуелна тема во изминатите денови. Соговорниците се согласија дека тоа е комплексен процес, но неопходно е да се спроведе, како и во иднина да се работи на измена на законската регулатива со цел поедноставување на постапките и навремено заокружување на активностите пред секоја нова учебна година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

