Македонија
Шаќири: Вмрежувањето помеѓу германски и македонски институции и компании е пример за одличната соработка помеѓу двете земји
Соработката помеѓу компаниите секогаш придонесува за размена на идеи и искуства, а особено кога станува збор за соработка на домашни и странски професионалци во своето поле на дејствување. Досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и Германија ни дава право да се надеваме на поголем развој на нашата економија и општество.
Ова го изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на денешната хибридна средба за вмрежување помеѓу германски и македонски институции и компании посочувајќи дека тоа е одличен пример за соработката помеѓу двете земји.
![]()
„Како министер за образование и наука, сакам да изразам огромна благодарност за подадената рака од Владата на Сојузна Република Германија, која помогна нашите средни стручни училишта да го преземат моделот на учење преку работа, односно дуалното образование, кое изминативе неколку години бележи огромен напредок и предизвика зголемен интерес не само кај учениците туку и кај компаниите, кои увидоа дека преку инвестирање во образованието полесно обезбедуваат квалитетен и обучен кадар, кој веднаш по завршување на средното училиште, е подготвен да се вклучи во работните и организациските процеси“, потенцира Шаќири.
Обезбедувањето квалитетен кадар, рече министерот, носи придобивки за македонските и европските претпријатија, придонесува за развој на техниката и технологијата, со што се олеснува и функционирањето во одредени гранки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

