Македонија
Ковачевски: Донесовме тешки но суштински одлуки за европска иднина на младите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и говореше на отворањето на Центар за младински активизам во Општина Тетово, на кое присуствуваа и градоначалниците на Тетово и Гостивар – Билал Касам и Арбен Таравари.
Ковачевски истакна дека отворањето на овој простор значи уште едно место каде младите ќе може да ги споделуваат своите идеи, да ги разменуваат своите искуства, да се организираат во активизмот за нивна реализација, затоа што секој млад човек е исклучително важен дел од општеството денес но и за иднината на државата.
Премиерот посочи дека оваа Влада е со прогресивни идеи за напредок и за одење напред на државата. Затоа и изминатиот период беа донесени одлуки со кои овозможивме започнување на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, кои се од суштинско значење за младите и за сите граѓани.
Премиерот рече дека државата има два концепта едниот концепт е тој на чие чело е тој – концептот за европска Северна Македонија, а другиот на опозицијата кој ја води земјата во изолираност, посочувајќи дека нашите граѓани заслужуваат да бидат горди со крената глава и богати. А не да бидат горди, сиромашни и изолирани во својата сопствена држава.
Премиерот посочи дека Владата е отворена за соработка со младите, а тоа може да се види и од инклузивниот процес кој ги вклучува младите и средношколците и експертите во сите закони, мерки и политики од интерес за младите.
„Истото се однесува и на националната стратегија за млади која што е во изработка но и на сите други програми кои Влада ги прави за да може младите да најдат перспектива во оваа држава.
Тука пред се мислам на грантовите за вработување на млади до 29 години со завршено образование како и за сите други програми во фондот за иновации, до поддршка на инвестиции за млади кои им овозможуваат да започнат свој сопствен бизнис”, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК извести дека е активен пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума.
Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 24 пожари.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.