Црна хроника
175 казнети возачи во Скопје, 42 биле под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 42 мерки возење под дејство на алкохол, 15 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила…
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, по што, според податоците на Одделот: „Насилно ја внела во возило ‘бмв’ со кое дошла на локацијата, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење.“
Со сторените дејствија, според внатрешната контрола, постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила горенаведеното кривично дело.
Дополнително, Одделот ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ќе изрече суспензија од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

