Македонија
Грковска-Јовановиќ: Дигитализацијата е значаен процес во сите земји од регионот, неопходна е меѓусебна соработка

Во рамките на Меѓународната конференција „Партнерство за конкурентен регион“, што се одржува во Дубровник, Хрватска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше средба со Михајло Јовановиќ, директор на Канцеларијата за информатички технологии и електронска администрација (Е-Управа) на Владата на Србија.
На состанокот вицепремиерката Грковска го потенцираше значењето од дигитална трансформација на општеството, кое е предуслов за брзи и квалитетни услуги за граѓаните, но и нејзината важност како алатка за ефикасни антикорупциски политики.
„Станува збор за процес кон кој се насочени сите земји во регионот и во светот и од тој аспект во заеднички интерес е да има меѓусебна соработка и размена на позитивните искуства“, оцени Грковска.
Двајцата соговорници разговараа за воведувањето на електронска лична карта, што, како што оценија, е најважниот чекор за успешна дигитална трансформација на општеството.
Вицепремиерката Грковска информираше дека Владата на Северна Македонија, со поддршка на естонскиот Центар за меѓународна соработка и САД, работи на воведување на електронска лична карта и на нов закон за архивска дејност.
Директорот Јовановиќ нагласи дека Србија веќе вовела електронска лична карта, но и за други дигитални решенија, како и дека во моментов работат на нов закон за електронска управа.
Вицепремиерката Грковска информираше дека, со цел да има координиран и инклузивен пристап, на нејзина иницијатива е формиран Национален совет за дигитална трансформација на општеството, во кој покрај надлежните министри, вклучени се и претставници од стопанските комори, локалната самоуправа, како и од опозицијата, со цел да се обезбеди одржливост и континуитет на целиот процес.
На крајот на средбата беше договорено двете држави да ја продлабочат соработката во однос на дигиталната трансформација на општествата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Привремен режим на сообраќај во Центар поради снимање на филм

Привремен режим на сообраќајот ќе биде воведен вечерва кај Градската болница поради снимање на филмот „Збогум, Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.
„За потребите на снимањето на филмот ‘Збогум, Копакабано4, во режија на Милчо Манчевски, во продукција на ‘Банана филм’ и во соработка со МВР и ЈП ‘Улици и патишта’, известуваме за шривремен режим на сообраќајот на булеварот 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвениот крст до раскрсницата кај Градската болница“, велат од ПР-тимот.
Привремениот режим е предвиден за 31.7.2025 (четврток) во времетраење од 22 до 4 часот во раните утрински часови.
Македонија
Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи.
До 06:30 часот на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден пожар е под контрола, а 24 се изгаснати.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Василево, Радовиш и Берово
• с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини
• Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација
2. Општина Прилеп
• с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола)
• Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон граница со Р. Грција
• Не се интервенира поради детонации (мешана шума)
3. Општина Кавадарци
• помеѓу селата Галиште и Ќесендре
• Мешана шума и нискостеблеста вегетација
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Карбинци
• с. Јунузлија (шума)
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.
ЕВН Македонија АД известува дека на ден 31.07.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 07:00 до 16:00 часот, од последна автобуска станица 24ка до маркет„ДАВИДОВ“ . (општина Сопиште)
– во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев. (општина Аеродром)
– во периодот од 09:30 до 12:00 часот, дел од корисниците на селото Морани СЕЛОТО МОРАНИ (општина Студеничани)
– во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од викендици Дражилово, ХПП Патишка Река, Крас Јаболце.(општина Сопиште)