Регион
Милановиќ e против обука на украинските војници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/milanovikj.jpg)
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не е запознаен со идејата украинските војници да се обучуваат во Европа, но во принцип не ја поддржува обуката на хрватска територија.
„Јас не ја поддржувам таа идеја бидејќи не поддржувам повеќе од она што треба да се вклучи Хрватска во оваа војна. Тоа ѝ носи војна на нашата држава. Ние сме коректни, солидарни сме и тоа е тоа“, рече тој, пренесе „Хина“.
Ако Министерството за одбрана на Хрватска би се согласило со таква идеја, Милановиќ однапред им вели: „Да не навлегуваме таму“.
„Како врховен командант на хрватските вооружени сили, нема да одобрам“, дециден е Милановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Фото) Камбанаријата на Паг се помести од земјотресот во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-071752.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата, а земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Далмација, Лика, па дури и во делови од Босна и Херцеговина.
Според информациите на директорот на Националниот парк Пакленица, епицентарот на земјотресот бил лоциран високо над планинарскиот дом Пакленица, на надморска височина од 1.600 метри, објавија хрватските медиуми.
Камбанаријата на Паг се помести поради земјотресот. Поради опасност од паѓање на делови од камбанаријата, просторот е ограден. Утрово се очекува детален увид на камбанаријата, како и дополнителни безбедносни мерки. Ден претходно на Паг се случи земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.
Регион
(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/f_36218834_1280.jpg)
Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата.
Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина.
„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа регистриравме три до четири послаби земјотреси, со магнитуди меѓу 1,7 и 2,9 степени“, изјави за ХРТ, сеизмологот Крешимир Кук.
Жителите од различни делови на округот Задар на социјалните мрежи опишаа како чувствувале силни потреси.
„Кафулето беше преполно и наеднаш имаше благ потрес, проследен со силен удар, како да експлодирала мина. Сите истрчавме надвор“, опиша еден жител.
„Се се тресеше. Најпрво се чувствуваше како минува нешто низ земјата, а потоа земјотресот траеше околу пет-шест секунди. Сите излегоа на улица. Ниту една тула не се сруши, па немаше поголема штета, но стравот беше голем“, додал друг жител.
ХРТ објави нова снимка од земјотресот снимена од надзорните камери во Стариград Пакленица.
Регион
(Видео) Вучиќ во „Тик ток“ предизвик: Решија од мене да направат мечка на панаѓур, ми ставија четири газирани пијалаци, а јас треба да погодувам
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-062035.jpg)
Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на „Тик Ток“ објави хумористично видео.
Имено, тој одговорил на предизвик на оваа платформа во кој погодуваше каков газиран пијалак пие. Вучиќ на снимката пиеше четири различни газирани пијалаци (Кока-Кола, Кока-Кола Зеро, Пепси и Кокта).
Успеа да го погоди само вкусот на Кокта.
@jasamaleksandar Meni je sve ovo isto. Ako baš mora, dajte koka-kolu zero, za nas punačke. 😅 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Откако решија од мене да направат мечка на панаѓур, тука ми ставија четири газирани пијалаци. А сега треба да погодам која е Кока-Кола, која Пепси, која Кокта, а која Зеро“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Цел живот пијам Зеро, сè ми е збркано“.