Македонија
Магдалена Филиповска-Грашковска е нова директорка на Фондот за здравствено осигурување

Владата на денешната седница ја именува Магдалена Филиповска-Грашковска за нова директорка на Фондот за здравствено осигурување.
„На денешната владина седница, за директорка на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за здравство, е именувана Магдалена Филиповска-Грашкоска“, стои во соопштението на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор, каде што се и неговите претходници на градоначалничката функција, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев.
Судот во Кочани на својата веб-страница денес информираше за донесените мерки за осомничените во истрагата, со што на седумина осомничени, мерката притвор им е заменета со куќен притвор.
„По изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а во понатамошниот тек од постапката по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор“, пишува во соопштението на судот.
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, додека неговите претходници, ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се во куќен притвор. За Дритон Кучи се изречени се мерки на претпазливост.
Пожарот во „Пулс“ ги однесе животите на 62 лица, од кои повеќето млади.
Прочитај и: Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград
Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството
Македонија
(Видео) Тошковски од Приштина: Системот One Stop Shop ќе се имплементира на граничниот премин Јажинце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во работна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, министерот Џелал Свечла.
Средбата беше за евалуација на имплементацијата на One Stop Shop системот кој официјално беше пуштен минатата недела на граничниот премин „Блаце-Елез Хан“ како и за усогласување на идните чекори за дополнително зајакнување на прекуграничното поврзување.
„Следната фаза на оваа соработка е имплементација на системот и на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ кој треба да се реализира во следниот период. One Stop Shop системот за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности а за нашите две држави тоа е ново поглавје на поврзаност со побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство“, потенцираше министерот Тошковски.
На средбата се разгледа и тековната соработка на двете министерства и полиции и можноста за нејзино унапредување во делот на размената на информации и борба со криминалот кој не познава граници.
Македонија
Собрани повеќе од 2 милиона евра за настраданите од пожарот во Кочани

Црвениот крст денеска соопшти дека на апелот за помош на повредените и за семејствата на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 100 беа повредени, се собрани над два милиона евра.
„Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со 17.4.2025 година, собрани се 128.011.651,00 денар за настраданите од пожарот во Кочани“, соопштија од таму.
Денес, Црвенот крст изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000 денари.
Црвениот крст заедно со партнерите продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението.