Македонија
(Видео) Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП „Македонски шуми“ за да се зголеми ефикасноста, а резултатот е под нула
„Власта во 2022 година во ЈП ‘Македонски шуми’ вработила 480 луѓе за периодот од 1 март до 31 декември, а овие вработувања требало да ја зголемат продуктивноста на јавното претпријатие, односно да се зголеми сечата на дрва. Резултатот од тие вработувања е еднаков на нула. Имено, реализацијата на сеча на огревно дрво е 4 пати помала сега во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со ‘Македонски шуми’“, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Трипуновски посочи дека „овие 480 вработувања се за работните места сечачи, дотурачи, редач-товарач-истоварач и шумски работници за кои ‘Македонски шуми’ ќе одвои 170.000 евра месечно за плати, односно за 10 месеци ќе се потрошат 1,7 милион евра. Од профилот треба да се заклучи дека реализацијата требало да се зголемува, а не да има катастрофална реализација како што е сега“.
„И сето ова би било во ред доколку ЈП ‘Македонски шуми’ си ја вршеше обврската и ја обезбедеше потребна количина огревно дрво имајќи предвид дека според Државниот завод за статистика над 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергент за затоплување на домовите. Со ваков неспособен менаџмент на ЈП ‘Македонски шуми’ нема ниту доволно дрва за огрев, а претпријатието се расфрла со непотребни вработувања и пари кон фирми“, вели тој.
Ставот на Трипуновски е дека „власта, наместо со новите вработувања да ја зголеми ефикасноста, таа удомува свои партиски војници во институциите што не ги извршуваат своите работни задачи, со оглед дека сечата на огревно дрво од страна на ЈП ‘Македонски шуми’ нема ниту 20 проценти, а граѓаните се препраќаат во приватните складишта, каде што цената на кубен метар дрво достигнува и над 5.000 денари“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

