Македонија
(Видео) Тренчевска: Како државни институции заедно со граѓанскиот сектор имаме слух за потребите на граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, и министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваа на отворањето на Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка од страна на Црвениот Крст на Република Северна Македонија.
„Нашата соработка и нашата заедничка посветеност на менталното здравје на граѓаните е на високо ниво. Ние како Влада, како Министерство за труд и социјална политика, како државни институции, имаме слух за потребите на граѓаните во државата. Тука, се разбира, незаменлив е и граѓанскиот сектор, нивниот увид од терен секогаш ја дава реалната слика на потребите на граѓаните и врз основа на тоа ги креираме услугите што секогаш се во нивна корист грижејќи се за нивната благосостојба“, рече Тренчевска.
Таа се осврна на актуелната тема, како што е менталното здравје, која особено се зборува помеѓу младите. Министерката истакна дека особено ја радува тоа што граѓаните се охрабруваат сè повеќе да побараат помош кога се работи за менталното здравје и психосоцијалната поддршка.
„Центарот функционира преку четири компоненти. Опфатот на неговата работа е голем, самото тоа што се работи на подигнување на свеста околу стигмата за менталното здравје и психосоцијалните потреби, едукација преку психоедукативни материјали за реакции при соочување со стресни ситуации и справување, психоедукација на национално ниво преку јавни дискусии и интерактивни мултимедиумски материјали на социјални мрежи значи дека ќе стигнат информациите до сите лица во нашата држава“, изјави Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.