Забава
Финалистка на изборот за мис Англија без шминка им пркоси на нереалните стандарди за убавина
Мелиса Рауф стана првата личност во 94-годишната историја на изборот за убавина во Англија, која се натпреварувала без шминка, и иако не победи, нејзината убавина ја пренесоа многу светски медиуми, меѓу кои и „Вашингтон пост“.
Мелиса решила да се натпреварува без шминка за да им пркоси на стандардите за убавина, пренесуваат медиумите.
„Со години се чувствував несигурно и бев срамежлива за што најмногу придонесоа социјалните мрежи. Бев бомбардирана со едитирани и фотошопирани фотографии“, изјави таа за Би-би-си.
Мелиса се квалификува за финалето на изборот за мис Англија во јуни кога ги импресионира судиите во Лондон во текот на полуфиналето.

„Ова многу ми значи затоа што чувствувам дека многу девојки од различна возраст се шминкаат затоа што се под притисок да го направат тоа“, рече таа тогаш.
„Никогаш не почувствував потреба да ги исполнувам стандардите за убавина. Неодамна прифатив дека сум убава во својата кожа и затоа решив да се натпреварувам без шминка“, објасни Мелиса додавајќи дека не е против шминкањето и дека понекогаш и таа се шминка.
Во финалето на изборот за мис Англија за најубава беше прогласена Џесика Гаген (26), студент по воздухопловно инженерство, која минатата година беше прва придружничка.


„Во средно училиште ме исмејуваа поради тоа што сум црвенокоса. Не го спомнав тоа на минатогодишниот натпревар бидејќи сметам сите негативни работи треба да останат во минатото. Но, факт е дека никогаш немало црвенокоса мис Англиј“, изјави Џесика за британските медиуми.

Taa ги победи другите 30 учеснички на натпреварот за убавина, што се одржа во Бирмингем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
1. декември ја менува судбината на три хороскопски знаци, ги чека огромна среќа
Од 1 декември три хороскопски знаци — Близнаци, Стрелец и Водолија — влегуваат во период на голема среќа, успеси и позитивни промени. Крајот на ноември носи силни астролошки влијанија кои овие знаци ќе ги почувствуваат како изненаден наплив на можности, финансиски добивки или поддршка во љубовта.
Близнаци
Неочекивана информација или нова личност може да им отвори врата кон деловни или финансиски шанси. Комуникацијата ќе биде клучна, а нивната природна љубопитност ќе им донесе успех.
Стрелец
Стрелците влегуваат во фаза на експанзија. Патувања, контакти од странство или нови искуства носат награди и радост. Оптимизмот им привлекува позитивни промени.
Водолија
Водолиите ќе напредуваат преку креативност и оригинални идеи. Проекти што долго ги развиваат може конечно да им донесат признание, поддршка или финансиски прилив.
И додека за другите знаци периодот е помирен, секој ќе може да најде стабилност преку мали, но значајни промени со долгорочна корист.
Забава
(Видео) Mисица падна на сцената на „Мис Универзум“, па кажа дека било дел од настапот
На изборот за Мис Универзум 2025 во Тајланд, претставничката на Велика Британија, 37-годишната Даниел Латимер, предизвика големо внимание кога падна на сцената за време на претставувањето на националните костими. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, а публиката и жирито беа шокирани – сè додека не се откри дека падот бил дел од настапот.
Латимер се појави во костим инспириран од ликот Елајза Дулитл од филмот „My Fair Lady“, делеше цвеќе, а потоа намерно се сопна и падна. По неколку секунди стана сама, го соблече капутот и ја откри раскошната балска тоалета, што предизвика силен аплауз. Подоцна објасни дека падот симболизира трансформација, како на Елајза, така и нејзината лична.
View this post on Instagram
На Инстаграм пошегува се дека „веројатно ќе заврши во Daily Mail поради падот“, и откри дека при настапот си скршила нокт – единствен дел што не бил планиран.
Латимер вели дека приказната за Елајза ја гледа како своја: израсната во сиромашниот Ист Енд во Лондон, сама си го изградила патот до светската сцена.
Настапот стана еден од најкоментираните на годинашниот избор, додека преднатпреварите влегуваат во финална фаза. Финалето на Мис Универзум 2025 ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“

