Забава
Оливија Вајлд го откри рецептот за прелив за салата како одговор на наводите на поранешната дадилка

Оливија Вајлд сподели рецепт за прелив за салата откога наводна измислица предизвика кавга меѓу актерката и нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Судекис.
Режисерката на „Не грижи се, драга“ (38) рецептот го сподели во „Инстаграм-приказна“ во вторникот вечерта, два дена откако поранешната дадилка откри дека Оливија и Џејсон се скарале кога тој сфатил дека го подготвила нејзиниот „специјален прелив за салата“ за сегашното момче Хари Стајлс.
Оливија го сподели во форма на извадок од романот Heartburn на Нора Ефрон, авторката на „Кога Хари ја запозна Сали“, за кој се смета дека е верзија на нејзината разделба од поранешниот сопруг и познат новинар Карл Бернстин.
Рецептот за винегрет од црвено вино вклучува сив пупон-сенф, црвен вински оцет и маслиново масло и е речиси идентичен со оној што Оливија претходно го сподели со Food Network (мрежа за храна) како дел од инструкциите за тоа како да се приготви салата од печен лосос со тиквички и компири – иако во нејзината верзија додаде мед, кошер-сол и ситно сечкано чешне лук.
Оливија и Џејсон во понеделникот објавија заедничко соопштение во кое ја критикуваа поранешната дадилка на нивните деца за „лажни и злобни обвиненија“.
Тие возвратија кога нивната поранешна дадилка – која работеше кај нив повеќе од три години – даде интервју за „Дејли мејл“, во кое таа упати низа обвинувања, вклучително и едно за однесувањето на Џејсон во време на распадот на бракот со Оливија и рече дека тој ја отпуштил.
Поранешната двојка изјави за „Пејџ сикс“: „Како родители, неверојатно е вознемирувачки да дознаеме дека поранешната дадилка на нашите две мали деца се реши јавно да упатува такви лажни и злобни обвинувања за нас“.
Оливија и Џејсон исто така ја обвинија дадилката за „18-месечна кампања на вознемирување на саканите, блиските пријатели и на колегите, а со ова го достигнала својот врв“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бајага гостин на Влатко Стефановски на јубилејниот концерт во Скопје

Главен гостин на Влатко Стефановски на јубилејните концерти што ќе се одржат на 9 и 10 мај, со кои тој одбележува 50 години на музичката сцена, ќе биде легендарниот кантавтор и лидер на групата „Бајага и Инструктори“, Момчило Бајагиќ Бајага.
Двајцата музички великани се долгогодишни соработници и пријатели, а нивниот заеднички настап во Скопје ќе донесе незаборавни моменти за публиката. Покрај Бајага, на сцената со Стефановски ќе се приклучат и други ценети музичари, меѓу кои кларинетистот Горан Бојчевски, мултиинструменталистот Дамир Имери, басистот Иван Кукиќ и синот на Влатко, Јан, на тапани.
Првиот концерт на Влатко Стефановски во Македонската филхармонија е распродаден со рекордна брзина, а поради огромниот интерес е отворен дополнителен термин – 10 мај 2025 година. Концертите ќе претставуваат пресек од неговата богата кариера – од деновите со култната група „Леб и сол“ до неговиот успешен соло пат.
Препознатливиот спој на инструментален рок, етно џез, блуз и македонска традиционална музика ќе добие нова димензија со специјалните гости, а публиката ќе ужива во изведбите на класици како „Чукни во дрво“, „Gipsy Song“, „Чувам ноќ од будни“, „Као какао“ и „Македонско девојче“. Дополнително, Стефановски неодамна го сними албумот „London Sessions“ во легендарното Abbey Road Studio 3 во Лондон, со врвни музичари, меѓу кои неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас.
Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, а завршната обработка ја направи добитникот на Греми, Шон Меги. Албумот е достапен и во трипл-LP издание.
Забава
Долф Лундгрен (67) фотографиран со сопругата (28) на плажа во Мајами

Шведскиот актер, Долф Лундгрен (67) е фотографиран со сопругата Ема Крокдал (28) на плажа во Мајами.
Ема носеше виолетов дводелен костим за капење, додека Долф сини гаќички. На парот не му пречеа папараците на секој чекор. Тие уживаа во пливање и сончање.
Пред неколку дена, Лундгрен беше со сопругата и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) на ручек во ресторанот Авра Медитеран на Беверли Хилс.
Долф се ожени со Ема во јули 2023 година среде неговата битка со ракот. Интимната свадбена церемонија се одржа на Миконос, Грција.
Актерот еднаш зборуваше за нивната разлика во годините.
„Чувствувам дека Ема е многу зрела за своите години. Имаше интересен живот. Дојде тука од мал град во Норвешка. Се омажи, имаше тежок развод и помина низ многу нешта низ кои повеќето млади луѓе на нејзина возраст не мора да поминат“, рекол тој.
Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.
Се сликаше од болничкиот кревет и рече: „Добро, тука сум. Ќе влезам и ќе се ослободам од последниот тумор. Бидејќи во моето тело нема повеќе канцерогени клетки, претпоставувам дека ќе бидам ослободен од рак и со нетрпение ја чекам оваа процедура. Правам аблација на белите дробови“.
„Благодарен сум и возбуден за сè што доаѓа. Ви благодарам на сите за поддршката. Тоа беше тешко патување и навистина ме научи да живеам во моментот и да уживам во секој момент од мојот живот“, додаде тој.
Забава
Детали што тивко зборуваат за стилот

Женскиот стил не се дефинира само преку облеката – туку преку начините на кои жената ги избира и комбинира сите елементи што го сочинуваат нејзиниот изглед. Токму тие мали детали, кои на прв поглед можеби изгледаат незабележливо, носат најголемо значење. Преку нив се открива многу повеќе отколку што изгледа – емоции, личност, вредности и чувство за мера. Секоја жена со изграден стил знае дека вистинската сила не лежи во количината, туку во внимателниот избор на она што навистина ја претставува. Во време на брзи трендови и масовна мода деталите остануваат најискрен израз на индивидуалноста.
Накитот како личен печат
Накитот е еден од најстарите начини на личен израз и има моќ да пренесе емоција, карактер и стил – без потреба од зборови. Особено место меѓу накитот заземаат приврзоците – мали, но значајни симболи што често носат сопствена приказна. Тие можат да бидат спомен од некој близок, семејна реликвија, амајлија за среќа или едноставно внимателно избран симбол со лично значење. Приврзоците се носат на синџирчиња, сами или во комбинација со други – дискретно, а сепак доволно впечатливо.
Исто така, не треба да се занемарат ниту алките – накит кој често е потценет, но со силна визуелна и симболична улога. Алките го следат движењето на рацете, внесуваат ритам и женственост. Сребрените алки се особено привлечни – едноставни, но елегантни, и лесно се вклопуваат во различни стилови, од класични до современи. Може да се носат поединечно или во комбинација, со часовник или други алки, создавајќи интересна игра на облици и текстури. Алката не е само моден додаток, туку често има и сентиментална вредност – подарок, спомен или израз на моментално чувство.
Накитот, генерално, не служи само за разубавување – тој е израз на внатрешниот свет. Преку него, жената испраќа порака: дали е романтична, смела, префинета или автентична. Со внимателно избран накит, жената не само што го надополнува својот изглед, туку остава впечаток кој се памети.
Ритуал на убавина што го освежува духот
Шминката за многу жени не е само алатка за разубавување – таа е дел од утринскиот ритуал, момент само за себе, начин да се започне денот со самодоверба. Не се потребни тешки слоеви – доволни се неколку нежни нијанси, малку боја на усните и сенка што го истакнува погледот. Шминката не само што го разубавува лицето, туку и го менува расположението. Во вечерните часови, таа станува понагласена – со блескави тонови, интензивни кармини и драматични линии – но дури и тогаш, најсилен впечаток остава таа што знае да ја задржи рамнотежата.
Торбата како дневен придружник
Торбата не е само место каде што се чуваат неопходните работи – таа е дел од секојдневниот живот, интимен простор што ја следи жената во сите нејзини движења. Формата, бојата и
големината на торбата зборуваат за животниот стил, потребите и карактерот. Класичните кожени модели носат елеганција и сигурност, додека нестандардните форми и бои изразуваат креативност и отвореност. Добро избраната торба е повеќе од моден додаток – таа е визуелен баланс меѓу сите други елементи во изгледот.
Косата како рамка на карактерот
Косата е визуелна рамка што го оформува лицето и оставa силен прв впечаток. Не мора секогаш да биде беспрекорно стилизирана – доволно е да биде чиста, негувана и природно обликувана. Фризурата многу кажува: собрана коса покажува елеганција и прецизност, додека разлетаните бранови откриваат слобода и спонтаност. Додатоците како панделки, шноли или марами додаваат слој разиграност и личен печат. Косата, во својата движење и форма, често зборува повеќе од облеката.
Мирисот што останува и по заминувањето
Парфемот е најнежен, но најмоќен дел од стилот. Тој не се гледа, но се чувствува. Добриот мирис останува во сеќавање, поврзува, инспирира. Секој парфем носи порака: дали жената сака да биде незабележливо романтична, заводливо мистична или самоуверено присутна. Мирисот се нанесува таму каде што срцето чука – зад увото, на вратот, на зглобовите – за да го следи телото низ денот. Тој е невидлив за очите, но длабоко присутен во сечие искуство.
Кога сите овие детали се усогласени, стилот станува нешто многу повеќе од изглед. Тоа е јазик без зборови, начинот на кој жената се претставува пред светот и го изразува она што е внатре во неа. Преку накитот, шминката, мирисот, фризурата и торбата, се создава комплетна слика – топла, силна, автентична. Стилот не е она што го носиш – стилот е како го носиш тоа што си.
ПР