Забава
Мизогината омраза кон Анџелина Џоли е како Амбер Херд дежа ви
„Не знам што се случило меѓу Џоли и Бред Пит, но будните на социјалните мрежи очигледно решија дека знаат“, пишува Арва Махдави, колумнистка на британски „Гардијан“.
Холивуд ги сака своите римејкови. На почетокот на оваа година сите очи беа вперени во мизогиното судење за клевета Џони Деп против Амбер Херд. Деп победи, а Херд беше јавно растргната.
А долготрајната правна битка меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит ескалира, изгледа депресивно и се чини дека Џоли ќе го добие третманот на Херд, пишува колумнистката и додава: еве како стојат работите: Џоли поднесе барање за развод од Пит пред шест години, но разводот сè уште не е финализиран бидејќи актерите сè уште се расправаат за старателство над нивните деца и имотот (имаат многу и од двете).

Пит ја обвини Џоли дека тајно продала удел од нивната винарница „Шато Миравал“ на руски олигарх. Некако инвазијата на Украина се вовлече во сето ова, при што Пит тврди дека руските врски му наштетиле на брендот на винарницата.
Во меѓувреме, Џоли поднесе противтужба, во која го обвинува Пит за семејно малтретирање на летот во 2016 година. Во судските документи таа тврди дека Пит давел едно од децата, а на друго му удрил шлаканица и дека ја фатил Џоли за главата и ја затресол. ФБИ ги разгледа наводите, но не поднесе кривична пријава. Извори блиски до Пит ги негираат верзиите на Џоли за настаните.
„Немам поим што е вистина, очигледно. Она што знам е дека вистината не им е важна на многу луѓе. Откако Џоли неодамна го обвини Пит за насилство, таа беше наречена лажга од будните на социјалните мрежи, стана предмет на мизогини видеа на ‘Јутјуб’ и ја нарекоа уште една Амбер Херд“, се наведува во колумната.
Американската озборувачка веб-страница ТМЗ пренесе тврдења дека Анџелина Џоли почнала клеветничка кампања против Бред Пит и дека ги труе нивните деца со невистини со цел да се завртат против него.

„Повторно, не знам што е вистина во сето ова. Но, едно е јасно: судењето Деп против Херд не заврши кога дојде пресудата на поротата“, стои во колумната објавена во „Гардијан“.
„Секоја жена, без разлика колку е позната, штом ќе проговори за моќен маж, ќе биде третирана како Амбер Херд 2.0. Деп напиша ‘плејбук’, кој мажите обвинети за недолично однесување се чини дека многу се желни да го копираат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

