Економија
Керим-Савада: Подобра промоција за зголемување на туристичката размена со Јапонија
Туристичкиот потенцијал, видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беше тема на состанок на претседателот на Туристичко-угостителска комора и потпретседател на Сојузот на стопански комори, задолжен за меѓународна соработка, Аркан Керим и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада.
На средбата се констатираше дека постои голем туристичките потенцијали и дека со подобра промоција на туристичката понуда и можности значително ќе се зголеми бројот на туристи кои од Јапонија доаѓаа во нашата земја и обратно.
„Сојузот и Јапонската амбасада споделуваат исти цели за продлабочување на соработката во туристичката индустрија и подготвени се заедно да работат на унапредување на состојбите. Во таа насока истакнавме иницијатива за организирање на Недела на Кензо Танге во Скопје на која ќе биде презентирани и јапонскитe туристички производи. Иницијативата може да опфати и други градови покрај главниот град. Одлично ќе биде овој настан да го направиме на улица Македонија во април кога цветаат јапонските цреши“, истакна Керим.
Се договорија идните чекори за развој на активниот, културниот и винскиот туризам во двете земји и овозможување на поголема поддршка за промоција и вмрежување на приватниот туристички сектор.
„Трендот на туристичкиот пазар од Далечниот исток цели кон вмрежување на земјите од Балканот и нивно заедничко претставување на трети пазари. Тоа е одлична можност за Македонија. За подобра презентација на македонскиот туристички потенцијал во Токио ќе воспоставиме соработка со деловните мрежи во Јапонија и туроператорите. Со цел унапредување на соработката и во другите сектори на стопанството Сојузот на стопански комори ќе потпише меморандуми за соработка со стопански комори во Јапонија и ќе се организираат деловни настани за вмрежување на компаниите и за поттикнување на јапонски инвестиции во нашата земја“, истакна Керим.
Со цел подобро искористување на туристичките потенцијали на Дојранското Езеро, Керим предложи да се искористат јапонски искуства и експертиза за подобрување на квалитетот и безбедноста на водата во езерото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

