Македонија
Османи во прва работна посета на Јордан
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи.
За време на посетата Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.
Воедно, Османи ќе се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.
Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

