Забава
Mила Јовович: Би сакала да снимам филм за „Голи Оток“
Актерката Мила Јовович е родена во Украина. Нејзина мајка е Галина Огин Јовиќ, а татко ѝ е Богдан Јовиќ, чие семејство влече корени од Црна Гора.
На „Инстаграм“ открила дека нејзините предци биле борци во Втората светска војна, а потоа привлече големо внимание на јавноста со фактот дека татко ѝ имал бурно минато.
„Татко ми мислеше дека со здравственото осигурување може да направи голем бизнис, па во 1994 година заглави во затвор, каде што останал пет години. Ние сме многу блиски, особено по добивањето на моето првото дете. Живее во Лас Вегас и кога може, доаѓа да нѐ посети.
Од мајка ми наследив љубопитност, љубов за литературата и уметноста и, дефинитивно, да размислам добро пред да одлучам нешто. Од татко ми добив импулсивна страна, бестрашност, подготвеност понекогаш да влезам во ризик. Сепак, јас сум потомок на прилично револуционерно семејство. Јас сум веројатно единствениот член на семејството на Јовович што не бил во затвор.
Мојот дедо, а мислам дека и неговите браќа, беа политички затвореници на Голи Оток во Југославија. Таа приказна за овој остров ме фасцинира! Имам братучед Мирко, кој е режисер, и би сакала со него да снимиме филм за Голи Оток. Подоцна го разбрав неговото значење, како и значењето на името на тоа место, во смисла на оголен остров.
За Американците, приказната за настаните на ова место би била многу интересна. Би сакала да направам филм за дивината, насилството, драматичната историја на моето семејство. „Не можеме да го заборавиме минатото, дури и да сакаме“, и вели дека имала желба да ги посети Србија и Црна Гора, но татко ѝ не сака ни да слушне за тоа.
„Како и повеќето Срби, и тој има проблем со простувањето, со одмаздата и таквите чувства се пренесуваат од генерација на генерација. Семејството има свои драми и сеќавања што тешко ги забораваат и оставиле длабок печат кај нив, но потоа се случи раѓањето на мојата ќерка, прва од фамилијата Јовович родена во Америка, а по два месеца, Бранко починал, првиот Јовович што бил погребан во Америка. Сите дојдоа на тој погреб.
Поради политиката и личните драми, семејството имаше малку или немаше воопшто комуникација меѓу себе, а јас ги поканив сите да дојдат кога ми се роди ќерката. И дојдоа, се собраа сите кај мене, ги оставивме проблемите зад себе, го прославивме новиот живот. Тоа беше многу емоционално. Татко ми беше нервозен пред тоа, не знаеше како ќе излезе планот. Во текот на вечерта тој беше опуштен. Следното утро го помина со насмевка, која не му се симнуваше од лицето, па и јас бев среќна поради тоа.
Тој ми рече: „Знаеш, никогаш не би се согласил со сето ова. Tи си единствениот Јовович што може да го собере целото семејство“. Тоа беше олеснување за него. Инаку, тој ја сака својата внука, ќерка ми, која е крстена Евер Габо. Евер е старо шкотско име за мажите и беше желба на мојот сопруг Пол Андерсон, кој е режисер. Името Габо е комбинација на првите букви на моите родители, Галина и Богдан“, вели Мила Јовович, која има уште две деца, исто така ќерки, Дашиел и Ошин.
Мила Јовович зборува и за својата адаптација во Америка по преселувањето од Европа.
„Русите навистина ме сакаат, како и јас нив, тоа е мојата култура, јас сум родена таму. Кога дојдовме тука, во САД, имав проблеми во првите часови во Америка, другарите од класот ме нарекуваа руски шпион. Децата може да бидат сурови. Но, полека го градев своето место во друштвото, знаев што сакам“.
„Најпопуларната, најубавата девојка во училиштето обично на крајот се мажи со некој од најубавите момчиња од училишниот фудбалски тим и потоа стагнира, не успева да направи нешто од својот живот. Јас не бев од тој круг, сакав и прифатив предизвици и тргнав по друг пат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За изработката на фустанот биле потребни 323 часа: Селена Гомез блесна на Златните глобуси
Актерката и пејачка Селена Гомез привлече големо внимание на доделувањето на Златните глобуси, појавувајќи се во гламурозна креација за чија изработка биле потребни 323 часа.
Гомез беше номинирана за најдобра главна женска улога во телевизиска серија од жанрот мјузикл или комедија, за улогата на Мејбел Мор во серијата „Само убиства во зградата“ („Only Murders in the Building“).
На црвениот тепих се појави во друштво на сопругот, музичарот Бени Бланко, носејќи уникатна црна тоалета од модната куќа Шанел.
View this post on Instagram
Фустанот бил украсен со повеќе од 200 рачно изработени цветови од перје, органза и свилен шифон, а во неговата изработка ателјето на Шанел вложило вкупно 323 часа работа, пренесе „Вог“.
Изгледот го надополни со чевли и накит од истиот бренд – црни чевли со шпиц и отворена пета, како и обетки и прстени од колекцијата на Шанел.
Забава
Некогаш беа омилен холивудски пар, а потоа речиси преку ноќ станаа омразени: јавноста ја згрози и начинот на кој ги воспитуваат своите деца
Мила Кунис и Ештон Кучер се вратија на црвениот тепих по четири години, период во кој нивниот јавен имиџ драстично се промени.
Познатиот пар, кој со години не се појавувал заедно на вакви настани, изненади со доаѓањето на 83. доделување на Златните глобуси. Иако долго време не уживаат наклонетост од јавноста, актерите и сопружници се погрижија нивното појавување да не помине незабележано.
Мила носеше фустан без прерамки со цветен дезен, корсет и раскошен долен дел, додека Ештон беше облечен целосно во црно. Насмеани и прегрнати, покажаа дека нивната љубов е силна и покрај сите предизвици низ кои поминале заедно. Последен пат заедно на црвен тепих се појавија на доделувањето на Оскарите во 2022 година.
Некогаш омилениот холивудски пар, Мила и Ештон речиси преку ноќ станаа мета на критики откако во 2023 година нивниот поранешен колега од серијата „Лудите седумдесетти“, Дени Мастерсон, беше осуден на затвор поради силување на две жени. Потоа во јавноста протекоа нивните писма за поддршка до судот, во кои апелирале за поблага казна, што предизвика многумина да заклучат дека Кунис и Кучер ги оправдуваат неговите постапки.
„Во писмото зборувавме за Дени, таков каков што го познававме 25 години, за судот да добие целосна слика. Свесни сме за болката што ја предизвикавме“, се правдаше подоцна актерскиот пар, нагласувајќи дека отсекогаш биле и ќе бидат на страната на жртвите на силување.
Токму кога оваа приказна почна да паѓа во заборав, Ештон повторно се најде во центарот на нов скандал – поради пријателството со Шон Диди Комбс, кој во септември 2024 година беше уапсен и обвинет пред федерален суд во Њујорк за повеќе тешки кривични дела поврзани со проституција, за кои подоцна беше осуден на нешто повеќе од четири години затвор. Името на Кучер тогаш се најде во медиумски и јавни дебати поради неговото долгогодишно познанство со Диди и присуството на некои од неговите забави.
Според извори, Ештон изразил непријатност и жалење поради тоа пријателство во светло на обвиненијата и стравувал дека неговото име може да биде вовлечено во случајот ако раперот се обиде да се опкружи со познати личности за своја одбрана. Неговите претставници повеќепати порачаа дека тој немал никакви сознанија за криминалните активности на Диди.
Дополнителни критики кон Мила и Ештон постојат и поради нивната одлука на своите деца – ќерката Вајат (11) и синот Димитри (9) – да не им остават ништо во наследство, иако во текот на успешните кариери стекнале големо богатство.
„Ние не создаваме богатство за нив. Парите по нашата смрт ќе ги донираме во хуманитарни цели или за други корисни работи. Ако нашите деца сакаат да започнат бизнис и ни покажат добар деловен план, ќе инвестираме, но нема да добијат пари само така“, изјавил еднаш Кучер. Тие сакаат нивните деца сами да заработуваат за живот, иако додека не пораснат уживаат во бројни привилегии, како што е користење приватен авион.
Парот е познат и по воспитните методи кои многу родители ги сметаат за необични.
„Не бев тип на родител што постојано ги капе новороденчињата“, изјави Мила Кунис во подкастот Armchair Expert во 2021 година, а Кучер додаде: „Ако видите нечистотија на нив – избањајте ги. Во спротивно, нема смисла“.
Мила призна дека додека растела немала топла вода и ретко се туширала, па истата навика ја задржала и кога добила деца, кои не ги капела секој ден. Ештон изјавил дека секојдневно ги мие само пазувите и интимните делови, а остатокот од телото – не.
Мила и Ештон глумеа пар во серијата „Лудите седумдесетти“, но во реалноста станаа двојка многу години подоцна. Љубовта се роди по долгогодишно пријателство, врската ја започнаа во 2012 година, а се венчаа во 2015 година.
Забава
Шон Пен си запали во сала на Златните глобуси (ФОТО)
Актерот Шон Пен бил снимен како пуши цигара во салата за време на Златните глобуси, иако пушењето таму е забрането. 65-годишниот актер запалил цигара на масата во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што седел покрај Леонардо ДиКаприо.
На фотографиите се гледа дека ги гасел опушоците во празна чаша. Според Венити фер, другите гости барале надворешен простор за пушење, додека Пен пушел директно во салата, на својата маса.
This can’t be legal. pic.twitter.com/hBp0D7O6jt
— Ben Fritz (@benfritz) January 12, 2026
Новинарот Бен Фриц објави фотографија од Пен со ДиКаприо и Кејт Хадсон, со коментар дека тоа „не може да биде легално“. На социјалните мрежи следеа шеги и забелешки дека Пен е познат пушач и дека „ако си Шон Пен, можеш сѐ“.
Пен бил и мета на воведните шеги на водителката Ники Глејзер, кои тој ги прифатил со смеа. Ова не е првпат актерот да ги игнорира правилата за пушење – претходно пушел и во интервју со Стивен Колбер во 2018 година, како и на Филмскиот фестивал во Маракеш во 2024 година.

