Свет
Познати двајца кандидати во трката за премиер на Велика Британија

Претседателката на Долниот дом на британскиот парламент Пени Мордант изјави дека останува во трката за нов лидер на партијата и премиер, потврда стигна и од Риши Сунак.
Пени Мордант изјави дека останува во трката да стане нов лидер на Конзервативната партија и премиер иако има помала поддршка од потенцијалните противници.
„Уверена сум во напредокот што го правиме. Ви кажувам дека сум во ова за да победам“, изјави Мордан за „Би-Би-Си“.
Таа, ги отфрли шпекулациите дека дека разговарала за повлекување од позицијата Претседател на долниот дом на бртианскиот парламент со Џонсон, во замена за негова подршка во кандидатурата.
На 21 октомври Мордан ја објави својата кандидатура во трката за нов премиер на Велика Британија, со што стана прва конзервативна пратеничка која ја објави својата кандидатура за наследник на Елизабет Трус на премиерската функција .
Ова е втор пат Мордант да се кадндидара за премиер на Велика Британија , откако претходно оваа година таа беше меѓу кандидатите за лидерско место на конзервативците.
И поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак денеска потврди дека влегува во трката за нов лидер на Конзервативната партија и премиер, по оставката на Лиз Трус.
„Обединетото Кралство е одлична земја, но ние се соочуваме со длабока економска криза. Затоа се кандидирам за лидер на Конзервативната партија и за ваш следен премиер“, напиша Сунак на Твитер.
Трас поднесе оставка минатата недела по 45 дена на функцијата, признавајќи дека не можела да ги исполни економските планови за намалување на даноците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.