Црна хроника
Пензионер нападнат од соседот во зграда во Аеродром
Пензионер бил нападнат од страна на негов сосед во скопската населба Аеродром.
„На 23.10.2022 во Полициска станица Аеродрoм, Р.В.(72) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во премин на зграда на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед М.И.(71) од Скопје“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
71-годишен пензиониран кувар кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт
Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран кувар кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) од Штип. Тој е тешко повреден,а работел како келнер на истата прославата.
Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.
„Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица
Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.
„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил ‘БМВ’ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила ‘голф’ и ‘мерцедес’, двете со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Осуден за трговија со дрога фатен и спроведен во затвор
Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.