Македонија
Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на Европскиот самит во Салзбург, одржа билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.
На состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.
-Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.
Одлична конструктивна средба вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија.
На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Северна Македонија.
Вицепремиерот Маричиќ имаше состанок и со Александар Симурдиќ, директорот на Фондот за европски прашања на АП Војводина, на кој беше дискутирано за искуствата на Дрбија во процедот на евроинтеграции и за заедничките предизвици со кои се соочуваме во делот на јавната администрација и зголемување на нивото на искотистеност на европски средства.
Маричиќ и Симурдиќ потврдија дека за евроинтегративниот процес е најважно да се разбери неговата важност и да биде инклузивен процес, во кој секој ќе даде свој придонес.
Според искуствата на директорот Симурдиќ, локалните заедници ќе играат важна улога и ќе мора да се подготвени за новите програми и поддршка која ќе доаѓа од ЕУ и на најдобар начин да ја искористат за граѓаните час поскоро да ги почувствуваат бенефитите од преговорите и членството во Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови
Времето утре облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ
Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.
„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.
Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.
Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.
Не ви се плашиме.
Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.
Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.
„А на крај ќе одговарате.
Работата се уште не е завршена“.

