Македонија
Ковачевски на трибина во Битола: Мојата визија е економски силна и стaбилна држава
Владејачкиот СДСМ од Битола ја почна серијата граѓански трибини, на кои заедно со граѓаните ќе разговараат за мерките и политиките на партијата.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ги презентира досегашните преземени мерки, идниите политики, како и концептот за визијата и иднината на земјата.
![]()
„Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Членство во ЕУ до 2030 година со заштитен македонски јазик и идентитет. На тоа сум посветен, на тоа работам. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, да седиме на големата маса во Брисел рамноправни, силни и побогати од денеска. Се грижиме за граѓаните и за стандардот, но и гледаме напред, за нашите деца да може горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ. Затоа, заедно со вас, силно и одлучно кон иднината“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на граѓанската трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“.
Притоа тој потенцира дека е направен историски исчекор во евроинтеграцискиот процес – почнати се преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.
![]()
„Не беше лесно да се носат одлуките, особено тешки, државнички одлуки. Но, лидерите треба да водат напред, одлучно, кон иднината и да носат тешки одлуки затоа што важно е нацијата и земјата да чекорат по вистинскиот пат, да имаат сигурна иднина. Јас учествував во разговорите за кревање на бугарското вето. Тие разговори не беа лесни ниту за македонските граѓани ниту за мене. Неколкупати укажав на чувството што го имав како некој со нож да ме сече во стомакот. Но, на крајот мора да се донесе одлука и тоа беше исправна одлука затоа што почнавме преговори со ЕУ со зачуван македонски идентитет и македонски јазик. Да треба пак да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата“, изјави Ковачевски.
Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ потенцира дека опозицијата е заглавена во криминалната матрица, без државнички капацитет, на која поважно ѝ е пласирањето фабрикувани невистини за наводна асимилација, бугаризација и за загрозување на идентитетот и организирање насилни протести со единствена цел исполнување на нивните лични интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

