Забава
(Видео) Семејството од хит-серија на „Нетфликс“ заработило милиони долари со продажбата на својата оригинална приказна
Нoвата минисерија на „Нетфликс“, The Watcher, е апсолутен хит на стриминг-платформата по вкупно 125 милиони часови гледаност во првите пет дена од нејзиното објавување и е втора најгледана оваа година по Dahmer.
The Watcher е заснована на вистинска приказна за семејството Марија и Дерек Бродус, кои ја купиле својата куќа од соништата во Њу Џерси во 2014 година за 1.35 милиони долари, но три дена отккао се вселиле почнале да добиваат мистериозни писма од лице кое се потпишувало како The Watcher.
Лицето го знаело точниот распоред на собите во куќата и најмалите детали од животот на семејството Бродусови, кои се иселиле од куќата во 2019 година и ја продале за 959.000 долари. Нивните соседи тврдат дека семејството ја продало својата приказна на „Нетфликс„ за околу 10 милиони долари, иако таа бројка никогаш не била официјално потврдена.
Соседите на Булевар 657 шпекулираат дека семејството Бродус однеле дома близу 10 милиони долари за правата на вистинската приказна за филмот.

„Дедлајн“ објави дека „Нетфликс“ победил во жестоката војна со наддавање за приказната, додавајќи дека шест студија се бореле, и дека семејствотоја ја избрало најдобрата понуда.
За жал, парите што ги заработија од продажбата на приказната не ја покрива загубата од продажбата на нивната куќа. Семејството никогаш не се вселило во нивниот дом на булеварот 657 бидејќи првото заканувачки писмо од Watcher дошло само три дена откако ги дале парите за куќата. Наместо тоа, тие се обиделе да ја продадат куќата, но откако се дознало за застрашувачките писма, никој не сакал да ја купи. Тие не успеале да ја продадат куќата до 2019 година.

„Д’ Кат“ објави дека Бродусови го купиле својот дом од соништата за 1.35 милиони долари во 2014 година, но го продале за само 959.000 долари во 2019 година. Тие изгубиле приближно 400.000 долари, а „Нетфликс“ им плати под таа сума.
За споредба, „Нетфликс“ ѝ плати на Ана Сорокин 320.000 долари за правата на нејзината приказна. Значи, Бродусеви веројатно направиле некаде во тој простор. Иако парите од приказната му помогнаа на семејството, не се ни близу трошоците што ги направија за плаќање на данок на имот во износ од 100.000 долари за пет години, сметки за комунални услуги, осигурување на домот, реновирање и приватни истражувачи – сето тоа за дом во кој никогаш не живееле.

Иако стримерот ги купи правата за создавање на The Watcher, продуцентите имаа многу креативна слобода со оригиналната приказна. Како прво, името и изгледот на членовите на семјството се целосно сменети. Децата се постари, куќата е многу поголема од оригиналната.
Единственото нешто што остана речиси непроменето се писмата. Сите три писма се исти од збор до збор во серијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

