Македонија
(Видео) Петрушевски: Претседател и членови на Комитетот за одобрување инвестиции на ФИТР не поднеле анкетни листови
„Наместо извинување до граѓаните и оставки, функционерите од власта кои кријат имоти бегаат од одговорност. Со досегашните постапки нив ги штитат Ковачевски и ДКСК. Институциите наместо да отворат постапки пишуваат бледи соопштенија и не преземаат никаква иницијатива. Аферата ‘Тајни имоти’ опфаќа функционери именувани од Владата, а кои имаат голема партиска историја во СДС, односно држат повеќе функции во партијата. Таков е примерот со Ана Марија Павиќ, која е именувана за член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели азил и не поднела анкетен лист, а истата е координатор на Форумот на жени во ОО Бутел и била кандидат за советник од партијата. Таа на сопствено име има луксузна лимузина ‘ауди А5’, а остатокот од имотот е на нејзиното семејство“, рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Петрушевски рече дека аферата „Тајни имоти“ опфаќа голем број лица од кои зависат сложени процеси во државата и распределување финансиски средства до граѓаните и фирмите, еден таков е Саша Максимовски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР, и со работна позиција раководител на сектор во Владата на Република Македонија, кој не доставил анкетен лист до Антикорупциска комисија, а од она коешто ние го утврдивме на негово лично име има стан во населбата Карпош во Скопје“.
„По линија на претседателот на Комитетот за одобрување инвестиции во ФИТР одат и членовите на истиот. Па така анкетен лист не поднел ниту Теди Цоневски, член на Комитетот за одобрување на инвестиции во ФИТР. Цоневски не го пријавил својот имот, кој според нашите истражувања се состои најмалку од еден стан во Горно Соње, еден стан во Кисела Вода и еден стан во Центар. Цоневски е основач и на фирмата Интрарел софт ДООЕЛ Скопје, која ја формирал во месец септември оваа година. А, покрај горе наведеното, вработен е и во една голема телекомуникациска компанија“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците
„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ.
„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.
Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.
Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници. Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.
СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.
СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 февруари 2026 година, петок, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.
Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Македонија
„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и нервоза пoради стравот од сведочењето на Груби и евентуалните искази што би можело да допрат и до поранешни високи функционери на СДС.
Изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, дека одлуките на Владата биле колективни и дека доколку се утврди вина „сите треба да одговараат“, отвора сериозни прашања. Дали ова претставува индиректно признавање на одговорност? Дали станува збор за обид за релативизирање на индивидуалната вина?
Дали СДС застанува во одбрана на Артан Груби и дали раководството на партијата е подготвено да понесе колективна одговорност за одлуките донесени во време на нивното владеење?
Јавноста има право да знае. Дали СДС го брани Груби во врска со наводите за штета од над 8 милиони евра врз државниот буџет?
Дали поранешните функционери се подготвени да застанат пред органите на прогонот и да ја докажат својата невиност?
Зошто по отворањето на случајот се менуваат ставовите и реториката?
Очекуваме надлежните институции да постапуваат професионално, транспарентно и без селективност. Одговорност мора да има, без разлика на функција, партиска припадност или политичко влијание.
Граѓаните заслужуваат правда, отчетност и целосна транспарентност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

