Македонија
Петровска: Припадниците на Армијата од ноември со зголемени плати

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска,информираше дека платите на сите припадници на Армијата, воен и цивилен персонал, од ноември ќе се зголемат над 2.000 денари и дека тоа било уште еднаш потврдено на вчерашната средба со четирите синдикати во Министерството и Армијата.
„Вчера, одржавме конструктивна среда со претставниците на сите четири синдикати, каде што уште еднаш застанавме на она што беше претходно договорено, а тоа е дека од 1 ноември ќе следува покачување на платите на сите припадници на Армијата и воени и цивилни лица за нешто над 2.000 денари“, рече министерката.
Министерката посочи дека имајќи го предвид местото на припадниците на Армијата во општеството, тие го заслужуваат ова покажување, а дијалогот за подобрување на армискиот стандард продолжува и во иднина.
„Изминатиот период се направи многу во однос на подобрувањето на условите за припадниците на Армијата, но тоа не значи дека треба да застанеме, напротив за придонесот на припадниците на Армијата во општеството треба да биде и соодветно возвратено. Од тие причини дијалогот со сите четири синдикати ќе продолжи и во иднина, а мојата врата за нив секогаш е отворена“, порача министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).