Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во Скопје

На 26.10.2022 во 7:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. Васил Ѓоргов, ул. Козара и ул. Бел Камен во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(60) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Починал затвореник во затворот Идризово

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, по пријава од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека починал 44-годишниот Џ.Х од Кичево.
Како што информираат од МВР лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Тинејџер од Куманово со „ауди“ се заби во бетонска ограда од куќа, тешко повреден

На регионалниот пат кон Матечје, Липково, 16-годишен кумановец возејќи „ауди“ удри во бетонска ограда од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид.