Економија
Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки

Продолжениот раст на инфлацијата е феномен присутен во речиси сите економии во светот, што предизвикува подигнување на нивото на инфлациските очекувања и создава ризици за ценовната стабилност. Слична е и состојбата во земјите на Западен Балкан, поради што сите централни банки веќе почнаа со циклусот на монетарно затегнување преку соодветно управување со ликвидноста, зголемување на каматните стапки, а во зависност од монетарните стратегии коишто ги имаат, и преку користење други инструменти.
Во услови кога растот на инфлацијата во голема мера произлегува од факторите на понудата, а неповолните ризици за побарувачката стануваат сè поизразени, неопходно е чекорите на централните банки да бидат внимателни и постепени. Со тоа ќе се намали штетата за економиите, чијшто раст и така забавува, во услови кога ризиците од војната во Украина и енергетската криза се високи.
Истовремено, на таков начин финансиската стабилност се заштитува од поголеми ризици. Во секој случај, централните банки и натаму се придржуваат до затегнување на монетарните услови, заради одржување на стабилноста на цените.
Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, учествуваше на Годишната конференција во организација на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки.
Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Борбата против инфлацијата во земјите во развој во Европа“, на која учествуваа и гувернерот на Албанија, Гент Сејко, членот на Советот на Народната банка на Романија, Ксаба Балинт, и заменик-гувернерот на Народната банка на Унгарија, Барнабас Вираг. Учесниците ги споделија искуствата во справувањето со постојаниот раст на инфлацијата и пристапот во однос на нормализирањето на политиката. Беа разгледани идните предизвици за централните банки во регионот и нивниот одговор со оптималната комбинација на политики за постигнување на целите.
„Монетарно-фискалната координација секогаш е предуслов за стабилност и просперитет, а особено е потребна во кризни услови. Соочени со енергетската криза и војната во Украина, од фискалната и монетарната власт се очекува дека повторно ќе дадат придонес за надминување на неповолните ефекти врз економијата. Но, ако во текот на пандемијата монетарната политика овозможи поддршка за фискалните мерки, во овие нови кризни околности, фискалните мерки треба да овозможат поддршка за справување со ценовните притисоци. Притоа е потребна целна поддршка за најранливите категории, водејќи сметка за фискалната одржливост, особено во контекст на порастот на домашните каматни стапки и каматните стапки на меѓународните пазари“, истакна Ангеловска-Бежоска во своето обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија.
Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно модернизирана и реконструирани железнички станица во Скопје и реконструирани станици низ Македонија.
Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.
Со поддршка и следење на британските и европските стандарди овој проект е од големо значење и ќе ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај.
Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце – Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.
Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 – 120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.
Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него.
Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%.
Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното.
Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.
Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија.
Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.
Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси.
Одговорност за овој милионски скандал мора да има, а ЈО да отвори истрага“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денеска Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу земјите-членки на Европската унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се вклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).
Од друга страна, најниско учество имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).
Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно време.
Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто).