Македонија
(Видео) Петрушевски: Луѓе блиски до Спасовски кријат милионски имот, УЈП да отвори постапка
Аферата „Тајни имоти“ се врти и околу луѓе кои се исклучително блиски и со министри во владата на дезертерот Ковачевски. Денес ќе обелодениме нови детали и имиња на функционери именувани од власта кои не поднеле анкетни листови, односно не се регистрирани на страната на ДКСК, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој наведе дека Добрин Петрушевски, член во УО на ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманово. Петрушевски не доставил анкетен лист. A Добрин Петрушевски ѝ е познат на македонската јавност, по тоа што тој е сопственик на бензинската пумпа Пин Петрол на површина од 8.000м2 во Куманово, а ја гради со фирма која од основањето до градењето на бензинската станица не пријавила никакви приходи, ова беа информациите објавени во медиумите, а кои не беа демантирани.
Втор функционер кој ќе го обелодениме денес, а не поднел анкетен лист, односно не е регистриран на страницата на ДКСК е Димитар Џеков, член на Надзорниот одбор на М НАВ, кој покрај голем имот во Скопје е основач и на приватната фирма Друштво за управување со приватни фондови „Алсар финансисики иноваци“ ДОО Скопје, и вози теренско возило Тојота РАВ4.
Имот крие и Маја Ковачева, член на УО на ФЗОМ, која исто така не поднела анкетен лист, ниту Ќамиле Асани, член на Управен одбор на болницата во Кичево.
Во услови кога имаме систематско криење на имот, наместо санкции од институциите, имаме амнестија од ДКСК, кои наместо пријави до сите, се обидуваат да ги оправдаат дека не ги внеле во систем зошто внесуваат рачно, а во исто време излегуваат функционерите и признаваат дека не поднеле анкетни листови, како што беше примерот со адвокатот Јевтиќ и Алберт Муслиу, изјави Петрушевски.
Петрушевски додаде дека со односот на ДКСК и Ковачевски кон функционерите кои не ги почитувале законите и криеле имот, се покажува само дека и тие се соучесници во целиот процес.
Поради целиот однос на институциите кон случајот основано се сомневаме дека се крие имот и ја повикуваме УЈП, да постапи според Законот за личен доход и да утврди дали за имотот кој го поседуваат функционерите кои кријат имот платиле данок.
Според чл.76 од Законот за личен доход кога лице поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, кои потекнуваат од
доход на кои не е утврден данок или не е доволно утврден и чие потекло не може да се докаже, органот за јавни приходи донесува решение за утврдување на данокот на тој доход. Во тој случај според чл.77 основа за пресметување на данокот претставува разликата меѓу вредноста на имотот и докажаната висина на средствата за негово стекнување. А даночната стапка според чл.78 е 70%.
Законите мора да важат за сите. И за крај повторно прашуваме, дали Ковачевски и самиот крие имот, и затоа ги штити функционерите кои истото го правеле, а за кое имаме и признанија, изјави Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.
Македонија
СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени, бара ВМРО-ДПМНЕ
СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени. И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство. Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда“, велат од партијата.

