Економија
М-р фарм. Славица Тодоровска од „Хемофарм“ порачува: Внимателно изберете ја исхраната за најмладите

Француски Modilac, единствената млечна формула со важен протеин лактоферин, многу важен за доброто здравје на вашето бебе, сега е достапна и во Македонија.
Доењето е природен начин на исхрана, а мајчиното млеко е најдобрата храна за бебето. Светската здравствена организација препорачува мајките да ги дојат своите деца исклучиво во првите 6 месеци од животот, бидејќи мајчиното млеко содржи идеална количина на протеини, што е многу важно за правилен развој на новороденчето. Квалитетот на исхраната е неопходен и за понатамошен развој и добро здравје на вашето бебе, па еве ја вашата можност да дознаете зошто лактоферинот е најважниот протеин во мајчиното млеко.
Што е лактоферин и зошто е толку важен?
-Лактоферинот е вториот по големина протеин во мајчиното млеко и важна состојка во млечните формули за бебиња. Овој протеин делува против патогените бактерии, ја ограничува нивната репродукција и благотворно делува во превенција од разни видови неонатални инфекции и дијареи кај доенчињата – објаснува Славица Тодоровска, магистер по фармација и менаџер на претставништвото на Хемофарм во Македонија.
Благодарение на лактоферинот, ризикот од сериозна цревна инфекција кај доенчиња со мала тежина е намален.
-Лактоферинот игра активна улога во развојот и созревањето на цревата кај децата и придонесува за правилен баланс на микробиотата. Цревната микробиота на вашето бебе се состои од многу „добри“ бактерии кои го поддржуваат варењето на храната и ги зајакнуваат нејзините метаболички и имунолошки функции.
Лактоферинот овозможува нормална апсорпција на железото кое е неопходно за правилен развој на мозокот и борба против инфекции – нагласува нашиот соговорник.
Modilac – единствената млечна формула со лактоферин
Францускиот Modilac сега е достапен и во Македонија. Се произведува во лабораторија која веќе 36 години ги следи најновите истражувања во областа на исхраната на доенчињата со цел неговите млечни формули да бидат најблиску до природното мајчино млеко.
-Modilac е пионер на европскиот пазар кога станува збор за иновациите во областа на исхраната на доенчињата. Со своите формули ги покрива потребите на здравите бебиња, но и сите терапевтски потреби на доенчињата. Така, формулата AC Digest е наменета за бебиња кои страдаат од колики, надуеност, гасови, подригнување, а за бебиња алергични на протеини од кравјо млеко, постојат вкусни формули базирани на протеин од ориз. Од 2018 година, Modilac е единствената млечна формула во Европа со лактоферин, важен протеин за одржување на доброто здравје на вашето дете – вели Славица Тодоровска м-р по фармација.
Александра Газивода
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.