Регион
Борис Џонсон: Путин пишуваше за Украина како Слободан Милошевиќ за Косово

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон даде интервју за „Скај њуз“, во кое рускиот претседател Владимир Путин го спореди со поранешниот претседател на Србија и воен злосторник, Слободан Милошевиќ.
Тој рече дека Путин направил катастрофална грешка кога решил да нападне во Украина.
Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој во основа погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ на тема Косово“, рече Џонсон.
„Милошевиќ сметаше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српската нација. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и за потеклото на православната вера“, изјави поранешниот британски премиер.
„Тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, амбиции и судбина. „Тој направи фундаментален пресек“, рече Џонсон.
Boris Johnson in Parliament says Putin is the same as Milosevic and that the mystical union Milosevic used between #Kosovo and Belgrade is similar to Russia and Kiev.#UkraineRussiaCrisis pic.twitter.com/8zaRhIEkDg
— Abdylvehab (@abdylvehab) February 24, 2022
Џонсон во февруари годинава рече дека Путин е ист како Милошевиќ и дека мистичниот сојуз што Милошевиќ го користел меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев, пренесе „Денес.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Загреб сексуално злоставувал 12-годишно девојче: кога му се спротивставувала тој ја тепал

Жељко Валент (39) од Загреб е осуден на четири години и десет месеци затвор за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, објави порталот „Бурин“.
Пресудата ја донесе советот на окружниот суд во Риека, а покрај затворската казна, осуденото лице е должно да плати и 3.390 евра за процедурални и вештачења.
Злоупотребата се случила од октомври до втората половина на декември 2023 година во стан во Хановер, каде што Валент престојувал со девојчето.
Според пресудата, тој го искористил отсуството на нејзината мајка и постојано ги допирал интимните делови на детето, пишува „Бурин“. Судот заклучи дека станува збор за однесување кое законот го изедначува со сексуален однос.
Девојчето се обидело да му се спротивстави, но тој ја удирал, а во еден момент таа претрпела полесни повреди, според „Бурин“.
Валент, кој е сопственик на столарија, не бил присутен на објавувањето на пресудата. Судењето, како што е вообичаено во вакви случаи, било затворено за јавноста.
Пресудата не е конечна, а Валент има право на жалба.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин