Забава
Кајли Џенер: Премногу откривав од својот живот на социјалните мрежи
Кајли Џенер смета дека премногу споделувала од својот приватен живот на социјалните мрежи.
25-годишната реална ѕвезда и успешна деловна жена, која се прослави заедно со своето семејство со ток-шоуто Keeping up with the Kardashians во 2007 година, сега има повеќе од 370 милиони следачи на „Инстаграм“ и смета дека можеби откривала премногу од својот живот на социјалните мрежи во текот на годините.
„Мислам дека кога премногу ја покажував својата личност или споделував премногу, луѓето едноставно имаа повеќе пристап да кажат работи за вистинската јас“, вели таа.
„Значи, решив малку да се повлечам. Мислам дека имам веројатно најтврда кожа на планетата затоа што милиони луѓе зборуваа работи за мене и одлучија која сум јас, а тоа воопшто не сум јас. Тешко е само да се проголта тоа. Моите пријатели и моето семејство знаат која сум, така што тоа е она што навистина е важно“.
Основачката на KylieCosmetics е во врска со раперот Тревис Скот од 2017 година и со него ја има четиригодишната ќерка Сторми, како и осуммесечен син – чие име не го објави јавно.
Таа потенцира дека нејзините приоритети се промениле во последните години и дека сега сака да им се посвети целосно на своите деца, не на себе.

Говорејќи на јутјуб-серијата Who’s in my Bathroom?! („Кој е во мојата бања?!“), Кајли ѝ рече на водителката Хејли Бибер: „Моите приоритети се на друго место. Сега имам работа во вистинскиот, реалниот живот“.
„Претходно, кога бев често присутна на социјалните мрежи, мислев дека цел живот би го посветила на тоа. Многупати се будев наутро и појадував со вклучен ‘Снепчет’. Едноставно, веќе не можам да го правам тоа“.
„Сè што сакам да правам е да играм со моите деца. Сега се работи за нив, а порано се работеше за мене. Дури и Ноќта на вештерките е позабавна“, вели Кајли и додава: сега можам да живеам преку нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

