Македонија
ВМРО-ДПМНЕ организира отчет за сработеното на политички саем
ВМРО-ДПМНЕ овој викенд организира политички саем по повод една година отчет за сработеното на градоначалниците што победија на последните локални избори.
Настанот ќе трае 2 дена, а ќе се презентира сработеното во секоја општина. Слоганот под кој ќе се одвива настанот е „Саем на промените што носат иднина“.
„Ќе има над стотина учесници на саемот и покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците, ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми, како што се локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица други теми. Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и реформските процеси“, најавуваат од опозициската партија.
Воедно, како што информираат, саемот, покрај на главната бина, ќе се одвива и на 6 други штанда, каде што локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија. Настанот ќе биде отворен в сабота со воведен говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а потоа интерактивниот дел ќе продолжи дента во наредните 8 часа и в недела со нови содржини.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека е задоволна од сработеното на градоначалниците, кои овие резултати ги остваруваат во едни тешки услови на економска, политичка и на енергетска криза.
„Промените се видливи и забележлив е поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме. Настанот ќе се одржи во ‘Холидеј ин“ во Скопје, со почеток в сабота во 11 часот“, додаваат од политичката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

