Забава
Мадона првпат го покажа своето лице без филтри и шминка
Поп-кралицата Мадона станува сè поактивна на „Тик-ток“, каде што ја следат повеќе од три милиони луѓе.
Меѓу видеата што неодамна ги сподели за своите следачи има и едно без шминка.
По интензивните критики и негативни коментари за филтрите што ги користи на социјалните мрежи и кои целосно ѝ го менуваат изгледот, Мадона реши на фановите да им го покаже своето лице без шминка и апликации за разубавување.
Видеото има 14,8 милиони прегледи во три дена. „О, боже мој. Зошто го направи тоа? Не знам“, вели Мадона во видеозаписот алудирајќи на своето лице.
Видеото собра над 11.000 коментари.

Ова се дел од коментарите на корисниците на популарната социјална мрежа: „Славните личности деновиве ме потсетуваат да го ценам процесот на стареење. Стареењето е прекрасно“, „Мислев дека ова е уште едно читање тарот, потоа сфатив дека тоа е Мадона“, „Ти благодариме што не користеше филтри на ова видео. Ја сакаме вистинската ти“, „Убава си без сите тие филтри“, „Конечно, го гледаме твоето вистинско лице“.
Инаку, пејачката често ја обвинуваат за прекумерен фотошоп и користење филтри до таа мера што изгледа непрепознатливо.
Сите се прашуваат што точно пејачката направила на лицето и изгледа толку чудно. Прекуокеански хирурзи неодамна разговараа со „Пејџ сикс“ и откако ги проучија нејзините фотографии, објаснуваат какви операции можеби имала ѕвездата.

„Кога првпат ја видов објавата, како и многу други, бев многу изненаден од тоа како изгледа“, рече доктор Ехсан Али, извршен директор на Beverly Hills Concierge Doctor and Urgent Care, пред да додаде дека може да разликува околу девет процедури на нејзиното лице.
„Таа дефинитивно има направено фејслифтинг, нејзината кожа е затегната и цврста, без опуштеност или брчки. Подигнувањето на лицето го менува и обликот на очите на Мадона, тие се повлечени нагоре. Исто така, таа дефинитивно го оперирала носот. Нејзиниот нос изгледа многу тесен со зашилен врв. Да не го спомнуваме и ботоксот, кој најверојатно го има аплицирано во големи дози“, вели доктор Ехсан Али.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

