Забава
Пет раси на кучиња кои одлично се сложуваат со мачки

Познато е дека кучињата и мачките се големи непријатели поради нивните борбени инстинкти. Веројатно затоа настанала изреката кога двајца се расправаат дека се како мачка и куче. Сепак, овие две животни, всушност, може да живеат заедно и да станат најдобри пријатели.
Ако веќе имате куче и сакате да удомите мачка или обратно, нивното запознавање и заедничкиот живот не мора да биде проблем бидејќи постојат некои раси на кучиња што одлично се согласуваат со мачките.
Ова се пет раси на кучиња што би можеле доста хармонично да живеат со другите четириножни пријатели.
Златен ретривер – најпопуларните семејни кучиња, познати по својата нежна природа, прифаќаат и мачки како членови на семејството. Сепак, златниот ретривер треба да се однесе на тренинг бидејќи во спротивно тој сакајќи постојано да игра, ќе ја брка мачката и ќе ѝ стане досаден. Меѓутоа, штом ќе успее да се социјализира со мачката, тие двајца може да бидат совршена комбинација.
Лабардор ретривер – уште едно сигурно семејно куче, кое воопшто не е борбено и сака да го гушкаат. Лабрадор ретривер со задоволство ќе пречека мачка во својот дом и веднаш ќе се дружи со неа. Ова куче сака да поминува време со деца и со мачки.
Бигл – оваа раса претходно била позната како ловечки кучиња, па не е чудно што сакаат да бидат опкружени со друштво, дури и ако се работи за мачки. Луѓето ги сакаат биглите поради нивната топла, дружељубива природа. Проблем може да настане само ако ги има повеќе, па поради играта заедно, почнуваат да ја ловат мачката.
Пудлица – елегантните и префинети дамски пудлици може да бидат одлични цимери со мачките. Има две опции како ќе се однесуваат со нив: или ќе играат заедно или ќе се преправаат дека мачето не ни постои. Пудлиците се заштитнички настроени кон своето семејство, па веројатно овој инстинкт ќе ѝ го пренесат на мачката.
Малтезер – малтешката пудлица сигурно нема да ја испровоцира мачката затоа што таа обично е окупирана со одморање и легачење, па нема ни да ја забележи. Во оваа комбинација мачката би можела да биде провокатор бидејќи може да ги задева малтезерите. Меѓутоа, ако внимателно се запознаат, не би требало да има никакви проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Почина Халид Бешлиќ

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.
Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.
Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.
Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.
Забава
(Фото) Таа е повторно „гола“: сите зборуваат за жешкото издание на сексапилната актерка

Прекрасната актерка Оливија Вајлд ги воодушеви сите, но не ги изненади со своите модни избори на Неделата на модата во Париз. Од атрактивната русокоса секогаш се очекува нешто провокативно.
За оваа пригода, таа избра чипкаст сет составен од долго здолниште и кратка блуза со ракави која е целосно проѕирна. Само на пределот на градите се извезени цвеќиња, а се чини дека под него не носеше градник.
На своето апстрактно издание додаде спектакуларна огрлица и црна чанта.
Ова не е прв пат Оливија да привлече внимание со својот изглед, нејзината „гола ноќница“ од Оскарите исто така беше забележана, но овој пат беше повоздржана.
И сега таа остана верна на својот стил кој вели – „само проѕирно“ и повторно беше главна тема.
Покрај модните изданија, Оливија го привлекува вниманието кон себе и кон својот љубовен живот. Откако раскина со Хари Стајлс, кој беше десет години помлад, таа се впушти во романса со поранешниот кошаркар и актер Дејн Дилиегрo.
фото: принтскрин
Забава
Не ги потценувајте: овие знаци се попаметни отколку што мислите

Некои хороскопски знаци кои на прв поглед изгледаат едноставни или резервирани, всушност се исклучително паметни и досетливи.
Луѓето родени под одредени хороскопски знаци не секогаш бараат признание или се наметнуваат, но нивната интелигенција доаѓа до израз кога е најпотребна.
Еве еден поглед на знаците кои честопати се потценети од другите, но всушност се попаметни отколку што мислите.
Рак
Раковите се познати по нивната чувствителност и емоционален пристап кон животот. Поради ова, многумина ги перцепираат како претерано ранливи или кршливи, но всушност тие поседуваат длабока емоционална интелигенција. Раковите се многу добри во читањето на луѓето и ситуациите, што им овозможува да донесуваат промислени одлуки и да наоѓаат решенија таму каде што другите не можат да ги видат.
Нивната сила лежи во нивната способност да ги поврзуваат чувствата со логиката, што ги прави изненадувачки мудри во комплицирани ситуации.
Девица
На прв поглед, Девиците изгледаат повлечени и строги, па затоа често се потценети, бидејќи не ги покажуваат своите способности гласно. Сепак, токму во нивната скромност лежи нивната сила. Девиците имаат исклучителни аналитички вештини и способност да забележуваат детали што другите дури и не ги регистрираат.
Тие тивко собираат информации, набљудуваат и заклучуваат, а нивните решенија се често најпрактични и најточни. Затоа, иако не бараат внимание, нивната интелигенција секогаш доаѓа до израз.
Риби
Рибите често се сметаат за сонувачи кои лебдат во својот свет, поради што другите може да ги потценат. Но, нивната имагинација и креативност се всушност знаци на посебен вид интелигенција. Рибите имаат способност да ги гледаат работите од поинаков агол и да најдат инспирација во она што им изгледа незначително на другите.
Нивната интуиција и емпатија често ги водат до решенија кои изгледаат неверојатно точни и добро осмислени. Затоа Рибите често ги изненадуваат сите околу нив со својата мудрост.
Вага
Вагата често се смета за луѓе кои само сакаат да им угодат на другите и да избегнуваат конфликти. Но, зад нивната желба за хармонија лежи извонредна интелигенција. Вагата е одличен дипломат – тие знаат внимателно да избираат зборови и решенија што ги смируваат дури и најнапнатите ситуации.
Оваа способност за балансирање и преговарање е знак на практична и емоционална интелигенција. Иако многумина ги потценуваат, мислејќи дека само „пловат низ животот“, Вагата всушност многу добро знае што прави.
Јарец
Јарците често се опишуваат како сериозни, ладни и строги, што може да создаде впечаток дека им недостасува флексибилност. Сепак, нивната интелигенција лежи во нивната внимателност, стратегија и долгорочно планирање. Јарците го гледаат она што другите го пропуштаат, бидејќи секогаш гледаат неколку чекори напред.
Иако нивната мудрост можеби не се демонстрира преку спонтани идеи или креативни искри, нивната способност да постигнуваат цели и да решаваат сложени предизвици е доказ за проницлив ум.
фото: принтскрин