Свет
Кинеска ракета тешка 23 тони викендов ќе падне на Земјата, не се знае точно каде

Кина во понеделникот успешно го лансираше третиот и последен дел од својата нова вселенска станица Тиангонг, а остатоците од ракетата тешка 23 тони ќе паднат некаде на Земјата овој викенд. Проблемот е што никој не знае точно каде ќе завршат.
Модулот Mengtian, во кој се сместени научни експерименти, беше лансиран на кинеска ракета Long March 5B. Откако модулот беше испорачан во орбитата, тој се одвои од ракетата.
За разлика од повеќето модерни ракети кои се дизајнирани да слетаат во оддалечен дел од Тихиот Океан, Long March 5B почна да орбитира околу Земјата откако го исфрли модулот и не е познато каде ќе падне при неговото повторно влегување во атмосферата, што треба да се случи петок навечер или во сабота наутро.
Иако никој не ја контролира патеката на ракетата и не се знае каде ќе се урне, мала е веројатноста дека нејзините остатоци ќе погодат населено место, пишува Business Insider.
Со оглед на ситуацијата, експертите можат само да проценат колку од ракетата Long March, која е приближно со големина на зграда од десет ката, ќе удри во Земјата. Дел од неа веројатно ќе изгори при минување низ атмосферата, но самата ракета е преголема за целосно да „испари“.
„Се проценува дека 20 до 40 отсто од масата на голем објект ќе го преживее влегувањето во атмосферата“, велат експерти од американската непрофитна организација Aerospace Corporation за Business Insider.
Тие додаваат дека околу 88 отсто од населението на Земјата живее во областа каде би можеле да паднат отпадот, но само неколку отсто од нив живеат во густо населени области. Поголемиот дел од тој простор е окупиран од океани и ненаселени делови на континентите.
И покрај ова, лидерите на вселенската агенција ја осудија практиката на неконтролирано повторно влегување во Кина, велејќи дека тоа претставува ризик за човечкиот живот и имот.
Ова е четврти пат како остатоците од кинеската ракета Long March 5B ги загрозуваат човечките животи. По секое такво лансирање (во 2020, 2021 година и во јули 2022 година) неговите делови повторно паѓале на Земјата,пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

Само неколку дена пред планираната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека Украина мора да биде вклучена во сите разговори за нејзината иднина.
„Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, кои се борат за својата слобода и безбедност повеќе од три години“, напиша Макрон на X.
„Бидејќи и нивната безбедност е во прашање, Европејците исто така мора да бидат дел од решението, рече тој.
Макрон претходно разговараше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, напиша тој.
По разговорот со Макрон, Зеленски напиша на X: „Украина, Франција и сите наши партнери се подготвени да работат што е можно попродуктивно за вистински мир“.
Трамп треба да се сретне со Путин во Алјаска во петок. Според „Волстрит џурнал“, Путин бара целосна руска контрола врз источните региони на Украина, Донецк и Луганск, што Зеленски категорично го отфрла.
Свет
Ердоган за Газа: Одлуката на Израел е неприфатлива, поддршката за Палестина продолжува

Одлуката на Израел да преземе воена контрола врз Газа е апсолутно неприфатлива, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор, пренесува Анадолу.
Според турската Дирекција за комуникации, тие разговарале за израелските напади врз Газа и за најновите случувања во регионот.
За време на разговорот, Ердоган повторил дека Турција ќе продолжи да стои зад Палестина.
Нарекувајќи ги изјавите на Франција, Велика Британија и Канада за можното признавање на палестинска држава достојни за внимание, Ердоган го истакна растечкиот бран критики кон Израел на Западот и додаде дека Турција ќе продолжи со своите напори за мир во регионот.
Свет
Идентификувани останките од три жртви од нападите на 11 септември

Останките од три жртви од нападите на 11 септември се идентификувани благодарение на напредокот во ДНК технологијата.
Службениците во четврток објавија дека ги идентификувале останките на 26-годишниот трговец со валути Рајан Д. Фицџералд, 72-годишната пензионирана директорка на непрофитна организација Барбара А. Китинг и уште една жена, чие име се чува во тајност на барање на нејзиното семејство.
Останките се идентификувани преку подобрено ДНК тестирање на останките пронајдени во урнатините по нападите на 11 септември 2001 година, соопшти канцеларијата на медицинскиот испитувач во Њујорк. Останките на Китинг и жената, чиј идентитет не е објавен, се пронајдени во 2001 година, а останките на Фицџералд се пронајдени следната година.
Китинг се враќала дома во Калифорнија со летот на „Американ ерлајнс“ кога членови на Ал Каеда го киднапирааа и намерно го удрија во северната кула на Светскиот трговски центар. Парче од нејзината банкарска картичка било пронајдено во остатоците.
Во нападите од 11 септември, два авиона се урнаа во Кулите Близначки во Њујорк, трет се урна во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија. Вкупно 2.977 луѓе загинаа, од кои 2.753 во Њујорк. Околу 1.100 жртви остануваат неидентификувани, соопшти канцеларијата на медицинскиот испитувач.
Во 24-те години од терористичките напади, нови останки се идентификувани благодарение на напредокот во технологијата.