Економија
Вицегувернерката Нацевска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити
Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако тоа се одвива постепено во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за „Банкарство.мк“.
Таа истакнува дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, која е впрочем целта, централните банки на речиси сите економии во светот работат на стабилизирање на инфлациските очекувања предизвикани од тековната глобална криза преку затегнувањето на монетарната политика, односно со покачувањето на основната камата, со што дејствуваат врз притисоците од страната на побарувачката. Обезбедувањето на ценовната стабилност е клучно за одржувањето на макроекономската стабилност и за поддршка на економскиот раст.
„Целта на овие политики е да се закотват, пред сè, инфлациските очекувања. Целиот процес се води постепено анализирајќи ги детаљно сите податоци и движења во светски рамки и дома и имајќи ја како приоритет макроекономската и финансиската стабилност. Банкарскиот сектор е стабилен, соодветно капитализиран и овозможува соодветна поддршка на приватниот сектор“, посочува Нацевска.
Во интервјуто Нацевска посочува дека зголемувањето на основната каматна стапка е дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва заради поттикнување на денаризацијата, односно штедењето во денари, преку просторот што им се остава на банките за да може да понудат поповолни каматни услови за денарските депозити. Вицегувернерката во интервјуто ја нагласува и сигурноста што за економските субјекти и за населението ја нуди долго применуваната стратегија на стабилен номинален курс на денарот во однос на еврото за што Народната банка и натаму ќе се залага.
„Мерките со корекција на задолжителната резерва заради поголема денаризација и повисоки каматни стапки за денарски депозити би придонесле за зголемено штедење во денари. Се очекува дека на среден рок ќе продолжи трендот на раст на депозитите“, вели вицегувернерката и посочува дека заклучно со септември растот на депозитите изнесува 3,4 % на годишно ниво, раст што главно се должи на растот на депозитите кај секторот домаќинства од 5,3 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

