Свет
Русинка роди девојче иако 9 месеци го носеше надвор од матката – случај 1 во 625 милиони
Русинка роди бебе од ектопична бременост, 10 лекари се бореа за неа и за бебето.
Во бременоста една од многу сериозните состојби што може да се појават во текот на втората фаза е ектопична бременост, која настанува кога оплодената јајце клетка ќе имплантира надвор од матката. Ваквата бременост е практично невозможна за носење и најдобро е да се открие на самиот почеток, пред да се развие плодот и да предизвика компликации. Меѓутоа, во исклучително ретки случаи, овие бебиња може да се родат и да поминат девет месеци во утробата, надвор од матката.
Еден таков случај се случил во Сибир, а мајката (31) немала поим дека бременоста и е проблематична. Забременила по природен пат, а бидејќи немала никакви проблеми поради друга состојба, никогаш не отишла на лекар. Така било и кога почнало породувањето, немала причина да се сомнева дека нешто не е во ред, па решила да го донесе бебето на свет во сопствениот дом, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Мондо.
Сепак, тогаш започнаа компликациите. Породувањето започна, а потоа одеднаш престана. Нејзиниот сопруг брзо ја однел во болница каде тим од десет лекари и помогнале да роди девојче.
Ја нарекле Вероника, што значи „победничка“. А за тоа дека ова име навистина и прилега сведочи и фактот што само едно од 625 милиони бебиња во светот успева да преживее вонматерична бременост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

