Црна хроника
Скопјанец осомничен дека продавал марихуана

Скопското обвинителство поведе постапка против едно лице осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот 21-годишен скопјанец на 4 ноември, во домот во кој привремено престојувал на улицата Христо Татарчев, неовластено за продажба држел 46,62 грама марихуана. При претресот во домот биле затекнати уште четири лица на кои тој им ставил на располагање просторија во станот за уживање во наркотичната дрога. Полициските службеници при претресот пронашле и дигитална вага со траги од канабис.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за да се обезбеди присуството на осомниченото лице во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува еднаш неделно во судот, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.