Свет
Жестоко бомбардирање низ Украина
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за оштетување на инфраструктурата по серијата бомбашки напади од двете страни. Руските сили пукаа врз градот во провинцијата Запорожје, изјави Кирил Тимошенко, заменик-шеф на претседателската канцеларија. Тој рече дека во нападот е убиено едно лице и дека се уништени 16 објекти од цивилна инфраструктура.
Има информации и дека Русите пукале во пограничниот регион Суми, при што едно лице загинало, а друго е рането.
Во меѓувреме, властите во градот Доњецк, кој е под руска контрола, пријавиле штета на седиштето на железничката управа. Според официјалните фотографии, во тешко оштетената зграда избувнал пожар, а нема информации за повредени.
Тензиите се високи и во регионот Херсон, каде што украинските сили веќе петта недела ги концентрираат своите трупи, според Кирил Стремусов, функционер назначен од Русија. Напорите за евакуација се во тек, особено за луѓето кои не можат да заминат под своја моќ.
Има извештаи за прекини на струја. Стремусов рече дека нема промени на првите борбени линии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.