Забава
Крис Еванс прогласен за најсекси маж на светот
Актерот од „Капетан Америка“, Крис Еванс, е најсекси маж на светот за 2022 година, според изборот на магазинот „Пипл“.
Веста беше објавена во понеделникот, една година откако неговиот колега од „Марвел“, Пол Рад, ја доби титулата.
Еванс, кој има 41 година и е сингл, рече дека оваа титула ја чувствува како чудна форма на скромно фалење.
Сепак, тој едвај дочекал да ја сподели веста со неговата најголема обожавателка – неговата мајка.
„Мајка ми ќе биде многу среќна“, изјави Еванс во интервју за „Пипл“. „Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали“.
Популарноста на Еванс растеше со текот на годините од улогата во една од неговите први телевизиски серии, Opposite Sex („Спротивниот пол“) во 2000 година до портретирањето на Стив Роџерс/Капетан Америка.
И покрај многубројните холивудски признанија, ѕвездата на „Сивиот човек“ има аспирации надвор од актерството, а кои вклучуваат брак и татковство.
„Тоа е апсолутно нешто што посакувам“, рече тој во една пригода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нина Бадриќ објави нови фотографии пред концертот во Арена: „И онака сè оди брзо“
Пред големиот концерт во загрепската Арена на 30 ноември, Нина Бадриќ објави нови фотографии на Инстаграм и се наврати на песната која ја развеселува во дождливите денови.
„Додека се подготвувам за Арена, оваа песна ми е кран во дождливите денови, да ја вклучам и да уживам во се максимално затоа што и онака сè поминува толку брзо“, напиша пејачката во описот на објавата, а станува збор за песната What a Fool Believes од рок групата The Doobie Brothers.
Забава
Актерите Горан Богдан и Јована Стојиљковиќ го добија своето прво дете
Актерот Горан Богдан (44) и неговата партнерка Јована Стојиљковиќ (32) го добија своето прво дете.
Среќната вест на социјалната мрежа Икс ја објави политичарот Ѓорѓе Микетиќ кој славеше со хрватскиот актер.
Горан и Јована ја кријат својата врска од очите на јавноста и ретко се гледаат заедно. Тие ја започнаа својата врска во 2019 година. Тие се запознале на снимањето на серијата „Сенки над Балканот“, а нивната врска стана позната кога Горан ја изненади Јована со голем букет цвеќе во Народниот театар во Белград по премиерата на „Нечиста крв“.
„Што се однесува до Јована и приватниот живот, тоа не го коментирам, никогаш, благодарам“, изјави своевремено Горан Богдан за медиумите.
Забава
Викторија Бекам го фотографираше Дејвид без маица во теретана, фановите и пишуваат: Ти си среќна жена
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам ги покажа своите фотографии од теретана. Вежбаше во шорцеви и без маица. Фотографијата ја направи неговата сопруга Викторија која му правеше друштво во теретана.
„Вежбање за добро утро со мојата сопруга“, напиша тој покрај фотографијата.
Глетката ги воодушеви неговите обожаватели. „Најдобар начин да се започне денот“, „Викторија е многу среќна жена“, „Ти благодарам Викторија“, „Викторија, продолжи да го фотографираш, ние го сакаме тоа“, „Одлична фотографија Викторија“, „Во име на сите жени, благодарам Викторија“, се дел од коментарите.
Дејвид неодамна сподели како се опушта по напорната недела. Тој објави фотографија од сауна, на која позира во боксерки и со крпа околу вратот. „Ресетирање во петок“, напиша тој.
Викторија и Дејвид често објавуваат заеднички моменти на социјалните мрежи. Кога Дејвид објави фотографија од состанокот во лозје во Франција ова лето, таа ги насмеа сите со коментар под објавата.
„Што? Зошто мојата коса е портокалова? Дејвид, каков филтер е тоа?“, Викторија ја коментираше објавата.