Македонија
Османи: Македонците би почувствувале топлина од Бугарија ако нема провокации
Една од најосетливите теми во Македонија е чувството дека некој ги предизвикува посебноста, идентитетот и јазикот, а тоа чувство е надразнето со провокации од чинители од Бугарија, смета македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.
„Доколку успееме ова да го тргнеме од дискурсот со Бугарија, а не можете да негирате дека не доаѓаат такви пораки од разни чинители кај вас по однос на територијални претензии. Ако успееме да го тргнеме ова на страна, македонските граѓани да почувствуваат топлина и пријателство од страна на Бугарија по овие прашања, верувајте дека ќе се отвори цел можен простор за соработка и за разговор по однос на работата на историската комисија, по однос на имплементацијата на протоколите и Договорот со добрососедство“, одговори Османи на новинарско прашање по средбата со колегата Николај Милков во Софија.
Тој порача дека нивната втора средба за кратко време говори за нивната посветеност да го водат развојот на двете земји, посебно во економијата и меѓуграничната соработка.
„Трговската размена во овој момент е 710 милиони евра со можност да премине една милијарда. Ова е двојно повеќе од лани. Како добар пример е прекуграничната соработка каде што може да константираме искористеност на програмските средства од 100%. Со новиот програмски циклус одобрен од ЕУ ќе се финансира и стратешкиот проект Клепало -Струмјани во износ од 9 милиони евра кој граѓаните со нетрпение го очекуваат“, додаде Османи.
Бугарскиот министер Милков рече дека Бугарија има интерес да го врати позитивниот ред во меѓусебните односи, нешто што во последните месеци се загубило на двете страни од границата.
„Парадокс е што имаме визија како да се развиваат односите, парадокс е што имаме механизми за решавање на проблемите, каков што е Договорот за добрососедство. И во исто време да има појави кои влијаат лошо на односите. Ја знаете ситуацијата поврзана со клубови и запишувањето на Бугарите во Уставот. Ние зборувавме и за некои прашања кои фрлија сенка на добри работи како што беше трговската размена која ќе премине над милијарда евра, што никогаш не се случило досега“, истакна Милков.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.
Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка, се наведува во соопштението од кабинетот на Претседателката.

Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.
Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.
Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти.
Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција. Претседателката го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности, се додава во соопштението.
Македонија
101 санкција за непрописно вградени фолии во автомобили во јануари
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, извести МВР.
При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од Министерството и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.

