Контакт

Економија

(Видео) Митева: Деспотовски пред да најавува инвестиции да каже зошто Македонија нема стратегија за странски директни инвестиции

Објавено пред

Во Македонија последниве 5 години речиси  нема политика за нови странски инвестиции, а уште помалку за грижа на веќе постоечките инвеститори. Недостасува стратегија за привлекување  инвестиции, никој не знае дали воопшто некој работи на оваа област. Македонија со години нема креатор за политика за странски директни инвестиции. Но и покрај ваквата состојба, слушаме најава за нови концепти, нови политики и како и секогаш истите се со огромни недостатоци и нереални замисли. Но, очигледно Јован Деспотовски наместо имплементатор, се става во функција на креатор, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во моментов се дава многу повеќе пари отколку претходно над 30% од вредноста на инвестицијата како CAPEX грант, плус за креирање работни места. Остатокот до 50% се даночни ослободувања. Да потсетиме, претходно тој процент беше не повеќе од 15% од вредноста на инвестицијата, а остатокот до 50% беа даночни ослободувања – каде практично државата немаше трошок бидејќи се откажуваше од нешто што воопшто не би го имала доколку ја немало инвестицијата. Истово ова е забележено и во извештајот на ДЗР каде исплатената кеш компонента во 2021 е речиси дупло повисока од износот во 2017. Повеќето т.н. „нови инвестиции” се всушност проширување, односно реинвестиции на претходните чие доаѓање беше тогаш критикувано дека е поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува и дополнителна државна помош.

ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува Деспотовски која е стратегијата за привлекување на СДИ – кој точно привлекува НОВИ инвестиции, како и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и да ги избере таргетираните компании, а потоа да анимира извршни директори и менаџери на овие фирми? – кој, како и за колку пари ја промовира земјата како инвестициска локација? Дополнително, промоторите веќе ги нема, иако долг период зборуваат дека ќе има нов модел со помалку канцелари и вклученост на МНР.

Факт е дека во Македонија со СДСМ на власт имаме руинирани и неефикасни институции, без долгорочен план и стратегија и без конзистентна политика. Македонија од земја лидер за привлекување  странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план, ниту стратегија на оваа тема. Но уште поголем факт е дека покрај некадарноста, нема инвестиции затоа што со СДСМ на власт во Македонија владее криминалот и корупцијата, изјави Митева.

Економија

Бојчева-Терзијан: Квалитетните статистички податоци клучни за истражувачката работа и за формулирањето на политиките

Објавено пред

Подготовката на квалитетни, доверливи и навремени податоци се клучни за добро разбирање на економијата. Оттаму, статистичката функција на Народната банка, којашто е една од нејзините основни задачи, е од суштинско значење и централната банка постојано работи на унапредување на квалитетот и опфатот на статистичките податоци коишто ги објавува, посочи директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, на предавањето коешто го одржа на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ − Штип, под наслов „Статистичките податоци на Народната банка: Клучен фактор за донесување одлуки засновани на докази“.

dobivaj vesti na viber

Предавањето беше во рамките на свеченото отворање на Лабораторијата за квантитативни истражувања во економските и организационите науки, како дел од заложбите на овој универзитет за подобрување на научно-истражувачката инфраструктура и со тоа, афирмација на научната работа и раст на бројот на публикувани научноистражувачки трудови.

На предавањето, директорката даде поширок приказ на сите податоци коишто ги објавува Народната банка и нивната улога во носењето мерки и политики. Исто така, беа разгледани и погодностите коишто ги нуди статистичката платформа НБСтат за пребарување и споредба на подолгите серии статистички податоци подготвени од Народната банка.

Квалитетното исполнување на статистичката функција на Народната банка е редовно истакнувано од страна на меѓународните финансиски институции. Народната банка го следи највисокиот статистички стандард СДДС плус. Таа редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Но, податоците добиваат вредност само доколку се користат, истакна Бојчева-Терзијан и од таа причина, Народната банка постојано ја поддржува научно-истражувачката работа, којашто е основа за носење на одлуките за монетарната политика. Покрај ова, се преземаат и други активности за нејзино поттикнување, како што се редовните средби на Клубот на истражувачите, којшто претставува отворена платформа за презентација и дискусија за научно-истражувачки трудови. Преку доделување награди за младите истражувачи се поттикнува развојот на научната мисла и изработката на трудови од областа на макроекономијата и се афирмираат младите и стручни кадри. Поради сето ова, Народната банка како професионална институција и натаму ќе вложува во статистиката, бидејќи таа е стожер за целокупната аналитичка база и за донесување најсоодветни одлуки за економската политика од страна на сите економски субјекти.

Прикажи повеќе...

Економија

Живко Мукаетов прогласен за премиум-партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвениот крст

Објавено пред

Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении.

dobivaj vesti na viber

„Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи поттик на индивидуално ниво, која потоа мотивира, и колективно развивање на општествената одговорност во ’Алкалоид’ АД Скопје. Како личност препознаена во заедницата во која несебично дава помош и поддршка преку повеќе програми и активности на Црвениот крст, г. Мукаетов се истакнува како позитивен пример и во својата лична, но и во професионалната агенда, па Црвениот крст го поставува на високо место не само како поддржувач на нашите активности, туку и како партнер и пријател на хуманоста“, истакнуваат од Црвен крст на Град Скопје.

Манифестацијата „Оскар на хуманоста“ се одржа во склоп на повеќето активности посветени на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај).

Покрај премиум Оскарот за хуманост, беа доделени и награди во неколку селектирани категории: корпоративен сектор, образовни институции, единици на локалната самоуправа и медиуми.

„За нас како компанија и за мене како поединец Црвениот крст е синоним за хуманост, солидарност, човечност и поддршка. Место од каде се подава рака на секого кому му е потребна помош, отворена врата за најранливите општествени слоеви и стартна позиција на секој поединец или компанија кои сакаат да бидат општествено одговорни“, истакна Мукаетов.  

Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на Град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, а само во последните година и половина „Алкалоид“ организираше три крводарителски акции, во чии рамки беа собрани повеќе од 400 единици крв. Покрај тоа, во 2013 година „Алкалоид“ помогна за реновирање и за ребрендирање на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во неговото тековно функционирање. Во рамките на компанијата неодамна беа спроведени и неколку масовни акции за донирање облека и храна на собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“.

На глобално ниво, Оскарот на хуманоста на Црвен крст ги акцентира заложбите за зачувување на хуманоста, како и тенденцијата да се поттикне хуманоста кај секој поединец во заедницата во која живее и дејствува. Низ симболиката на солидарните заложби му се оддава почит на основоположникот на идејата за формирање на Црвениот крст, Анри Динан, но и се упатува благодарност до 16-те милиони волонтери во 191 земја во рамките на Движењето на Црвениот крст и на Црвената полумесечина низ светот, кои го посветуваат своето драгоцено време за доброволна служба, секогаш подготвени за вклучување во локална хуманитарна акција за глобално добро.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Земјоделците на протест поради ниските откупни цени во Струмица – Левица дава поддршка

Објавено пред

Земјоделците од струмичките села денес повторно одржаа протест поради ниските откупни цени. Овојпат протестот беше во центарот на Струмица.

dobivaj vesti na viber

„Државата не води сметка за увозот на патлиџани, а прекупците се оставени со одврзани раце. Резултатот е ниска почетна откупна цена, која по правило до крај на откупот секогаш паѓа.

Со понудената цена, земјоделците не можат да си ги покријат ниту трошоците за производство што како краен ефект има дестимулација на земјоделците, намалување на производството во идните години, запустување на полето и иселување од државата“, велат од Левица.

За да се спречи тоа, како што додаваат, мора во наредните десет дена да се преземат итни мерки.

Пратеникот Сашко Јанчев и координаторот на Секор – земјоделие на Левица повторно беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија1 час

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ2 часа

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија2 часа

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...

Македонија3 часа

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување градежни земјени работи, пронајдени се 1.408...

Свет5 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија18 часа

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија18 часа

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија20 часа

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија22 часа

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија23 часа

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ1 ден

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија1 ден

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија1 ден

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ1 ден

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...

Свет1 ден

(Видео) Израел му одговори на Хамас со ракетен напад; Хамас: Погоден е камп, убиени жени и деца

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа...

Свет1 ден

(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат...

Европа1 ден

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу...

Македонија2 дена

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...