Македонија
Тренчевска: Остануваме посветени на прашањето за родовата еднаквост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска присуствуваше на првиот ден од дводневната јавна дебата за предлог-законот за родова еднаквост во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. На дебатата којашто е одржана со цел транспарентно и инклузивно носење на законите присуствуваа претставници од министерствата и сите други релевантни институции, како и граѓански организации.
Министерката Тренчевска на почетокот од своето обраќање истакна дека законот се работи повеќе од три години и дека ова е седма јавна дебата од планираните девет, на која ќе се слушнат мислењата, предлозите и препораките од релевантните чинители. Таа истакна дека на ваков транспарентен и инклузивен начин се носат закони кои ја унапредуваат родовата еднаквост.
„Има неколку новини во предлог-законот. Една од најважните работи е родовата интеграција. Кога се зборува за родовата еднаквост, не се мисли само на јавниот сектор и на државните органи и управа, туку и вклучување на ова прашање во приватниот сектор. Од особено значење е да зборуваме за еднаквост во сите области на општественото живеење“, истакна Тренчевска.
Таа додаде дека кога се работи за родовата еднаквост, се работи за човековите права и дека нема да се отстапува од приватниот сектор затоа што тоа е особено важна алка во синџирот за спроведување на родовата еднаквост.
„Верувам дека дискусијата ќе вроди со дополнителни предлози и сугестии за да го направиме законот не само пишан текст на хартија, туку нешто што може да се имплементира во наредниот период“, истакна Тренчевска.
На крајот од своето обраќање министерката рече дека очекува отворена, конструктивна и плодна дискусија со која ќе може да се заврши законот со цел негово влегување во Владина и собраниска процедура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

