Македонија
Тренчевска во Валандово: СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата

Претседателката на Форумот на жените на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска ja предводеше трибината во Валандово „Силно и одлучно кон иднината“ и заедно со ргадоначалникот Перо Костадинов ги поздрави жителите на Валандово и околните населени места и зборуваше за успешните мерки на Владата донесени во изминатиот период.
Трибината со своето обраќање ја отвори градоначалникот Костадинов и се заблагодари за довербата што граѓаните му ја дадоа во 2017 година.
„Град со градоначалник што има визија за својот град, градоначалник што се грижи за своите сограѓани, нашиот другар Перо Костадинов, заедно со својот тим за овие 5 години ја направи најдобрата трансформација на овој град. Го направи Валандово модерен и европски град“, рече Тренчевска
Таа посочи дека токму тоа е она кон кое се стреми СДСМ – градење модерна демократска држава, членка на ЕУ.
„Кога почнавме со трибините, со посетите на општините, со контактите со нашите сограѓани, многумина ме прашаа: Зарем пак ќе има избори? Зошто трибини? Обично пред избори се организираат вакви средби. Јас одговарав: Избори нема да има! Редовни парламентарни избори ќе има во 2024 година“, посочи Тренчевска.
Тренчевска посочи дека СДСМ отсекогаш била и ќе биде државотворна партија и дека е партија што секогаш ги носи тешките и државнички одлуки, но исто така ѝ носи и просперитет на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Македонија
(Фото) Успешна евакуација на повредено лице со хеликоптер на Армијата

Вчера, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.
Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.
„Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.
Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата