Забава
Сопругот на Тифани Трамп е наследник на конгломерат од 20 милијарди долари
Тифани Трамп, ќерка на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во саботата се омажи за милијардерот Мајкл Булос, Американец по потекло од Либан.
Двојката се сврши во јануари, а врската ја почнаа летото 2018 година. Булос е наследник на нигерискиот конгломерат „Булос ентерпрајсис“, чија вредност е проценета на 20 милијарди долари. Роден е во Либан, израснал во Нигерија, а се преселил во САД по запознавањето со Тифани.
Мајкл (25) посетувал училиште во Лагос, Нигерија, а потоа и на Универзитетот во Лондон, каде што студирал бизнис-менаџмент и финансии. Дипломирал во 2018 година.
Две години пред да магистрира, Мајкл бил назначен за заменик-директор на конгломератот SOCA Nigeria, активен во производство на мебел, дизајн на ентериери, монтажа и дистрибуција на автомобили, производство на електрична енергија, малопродажба и трговија, пренесува „Холивуд лајф“ (HollywoodLife). Мајкл тогаш имал само 19 години.
Во 2019 година стана директор на Fadoul Group, како и менаџер за развој на бизнис во Royalton Investment во Лондон. По почнувањето врска со Тифани, Мајкл живееше на релација САД – Лондон поради работа.
Американецот со либанско потекло е наследник на бизнисот со благородни метали на својот татко.
Тифани и Мајкл се венчаа во саботата на имотот на Трамп во Санбич, Флорида. Тифани (29) носеше венчаница дизајнирана од познатиот либански моден креатор Ели Саб.
Светските шоу-биз медиуми беа преплавени со фотографии од свадбената екстраваганција на имотот Мар-а-Лаго, најчесто таа на која се гледа како Трамп ја придружува својата ќерка до олтарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Мајката и ќерката повторно неодоливи: нивната убавина не познава граници
Прославената манекенка Синди Крафорд (59) и нејзината ќерка, исто така позната убавица, Каја Гербер (24), беа на заедничка забава пред доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Мајката и ќерката пристигнаа модно усогласени и никогаш не ги симнаа насмевките од лицата, а нивната неверојатна сличност и убавина повторно беа главна тема на тој дел од светот.
Каја избра тесна црна тоалета со длабоко деколте, која ја комбинираше со црни салонки, додека Синди носеше црни панталони и ефектна блуза што ги откриваше нејзините рамена.
Иако самата Каја долго време е препознатливо име во светот на познатите личности, таа никогаш не криела дека поддршката од нејзините родители, особено од нејзината мајка, ѝ била од голема важност. Сепак, како што самата призна во една пригода, дури неодамна сфати каква икона е нејзината мајка.
Kaia Gerber with her mom Cindy Crawford at W Magazine's Annual Best Performances Party in Los Angeles, California – January 10, 2026
byu/Maximum_Expert92 inpopculturechat
„Не секогаш го разбирав тоа, знаев дека таа е икона, но кога бев помлада не разбирав до кој степен е тоа. Што се однесува до непотизмот, тоа е тема што нема да исчезне и јас едноставно го прифатив. Имам голема предност бидејќи можам да ги прашам моите родители за бизнис совет“, изјави Каја за списанието W.
Забава
(Фото/Видео) Не ѝ треба проѕирен фустан, а ниту Том Круз: Таа е природно секси
Годишните награди „Златен глобус 2026“ беа обележани и со кич, но и со гламур.
¡Impresionante! Ana de Armas elige un sensual vestido de estética lencera y bordado con lentejuelas para desfilar por la alfombra roja de los Globos de Oro.
Una vez más, la actriz ha elegido a su firma de cabecera: Louis Vuitton.#globosdeoro #goldenglobes pic.twitter.com/ExvpRyenV1
— Vanitatis (@vanitatis) January 12, 2026
Познатите убавици ги покажаа своите најдобри креации, вклучувајќи разголени, проѕирни фустани кои ја шокираа јавноста.
Сепак, во морето од провокативни изданија и желбата сите да бидат „посебни“, една убавица беше вистинско освежување – актерката Ана де Армас. За оваа пригода, таа одлучи да облече едноставен црн фустан од чипка украсен со длабок шлиц и скромно деколте.
Фустанот во тесна форма го носи потписот на брендот „Луј Витон“, а совршено ѝ стои – ја нагласува нејзината витка фигура и остава впечаток на вистинска холивудска дива.
Својот стил го надополни со шминка во земјени тонови и ненаметливи додатоци.
Што се однесува до фризурата, таа избра стар холивудски гламур, односно ги стилизираше своите кафеави прамени коса во кадрици кои нежно паѓаа по нејзиното рамо.
Забава
(Видео) Се врати и веднаш предизвика возбуда: Нејзината насмевка вреди пари
Актерката Џулија Робертс се појави на доделувањето на Златните глобуси во 2026 година и е потценување да се каже дека ги шармираше сите присутни со својата комбинација на облека. Позната по својата љубов кон „оверсајз“ костуми, жената со најубавата насмевка овој пат одлучи да носи малку поинаква креација.
Имено, за оваа пригода таа избра елегантен црн свилен фустан од кадифе од Giorgio Armani Privé. Гламурозната креација ја краси длабоко деколте кое беше нагласено со еден посебен детаљ.
Станува збор за ѓердан во форма на јагода украсен со дијаманти и златен ланец. Иако симболиката на овој додаток е сè уште непозната, едно е сигурно – тој му даде на монохроматскиот стил, боја, но и допир на нежност.
Julia Roberts says "I have seen a script" for "Ocean's 14." She's returning alongside George Clooney, Brad Pitt and more.
"I was kind of surprised, because I was like, ‘Oh, what is the story going to be?’ And it’s good. I mean, we wouldn’t do it if it’s not good.”… pic.twitter.com/DVr73vgXG2
— Variety (@Variety) January 12, 2026
Џулија го комплетираше изгледот со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со брановидна фризура што ѝ паѓаше по рамената.

