Македонија
(Видео) Владите на Северна Македонија и Албанија потпишаа договори и меморандуми за унапредување на билатералната соработка
Во рамките на денешната меѓувладина седница на Северна Македонија и Албанија ресорните министерства од двете влади потпишаа договори и меморандуми, кои се однесуваат на повеќе области.
На потпишувањето присуствуваа премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и премиерот на Албанија, Еди Рама. Премиерите посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зацврстуваат соработката на двете земји и нудат можност за зближување, зајакнување и за обезбедување безбедна иднина за граѓаните на двете земји.
Договорите и меморандумите се однесуваат на соработка во делот на евроинтегративниот процес, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународниот криминал, железничко поврзување на двете држави, стандардизација на услугите во сферата на дигиталната технологија, меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро, за соработка во областа на јавните финансии, развој на претприемаштвото и друго.
Договори и меморандуми со министерствата од владата на Албанија потпишаа Секретаријатот за европски прашања, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за здравство, Министерството за култура и Министерството за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

