Македонија
(Видео) Томовски: Дел од аферата „Паразити“ е Томислав Тунтев, директор на АЦВ, кој зема плата од 203.000 денари месечно

„Голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија. А на индексот на мизерија сме втори во Европа. Дел од аферата ‘Паразити’ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно, 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3.300 евра“, обелодени Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој напомена дека „Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од Владата во Македонија. Во Македонија, во која народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра“.
„Аферата ‘Паразити’ покажува дека низ институциите лежат скриени поголем број именувани функционери, кои во услови на криза, додека најголемиот број од работниците работат за плата под просечната, земаат плати што на годишно ниво изнесуваат неколку десетици илјади евра. Дел од аферата ‘Паразити’ е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Тој за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра. Никола Љушев како дел од УО на ‘Телеком’ зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За една година, тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години – 560.000 евра“, вели Томовски.
Вели дека „Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер, месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.