Македонија
Ковачевски – Бун: Француската Република е со Северна Македонија и во следните етапи за остварување на европската цел
Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со државна секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун.
На прес-конференцијата, како и на средбата, е испратена пораката дека денешната посета на државната секретарка е за да се покаже доследност во пријателството помеѓу Француската Република и Северна Македонија по европскиот договор, со што се отворени европските перспективи за нашата држава и да се манифестира јасна поддршка за европските перспективи на нашата држава.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Француската Република, значајно за демократскиот и европскиот развој на нашата држава.
Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата оцени дека „француското претседателство во ЕУ беше клучно на нашиот европски пат“ и дека Република Северна Македонија продолжува да работи на остварувањето на оваа државна стратешка цел.
![]()
„На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС, кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите други 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти. Ова се три датуми што остануваат врежани во македонската историја како денови кога ние добивме целосна потврда за нашите заложби за европска иднина и кога добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со другите јазици на Европската Унија“, рече премиерот Ковачевски.
Тој порача дека „успеавме да се избориме за заштита на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти, а не политичари и успеавме да ги деблокираме сите процеси што нè кочеа толку долго време. Успеавме, конечно, да почнеме со реалната трансформација на општеството преку скрининг-процесот, на кој сме навистина посветени да го завршиме во рокот што си го зададовме на почетокот. Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, знаење и ќе го заврши скринингот во планираниот период од 14 месеци“.
Бун, пак, порача дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од Европската Унија.
„Работевме заедно за европските перспективи затоа што тоа го заслужувате. Сакаме да останеме со вас и во следните етапи за постигнување на оваа цел“, рече таа.
Бун оцени дека Република Северна Македонија е столб на стабилноста во регионот. Исто така, го нагласи значењето на договорот со ФРОНКЕТС, потпишан и на македонски јазик, за што на средбата е констатирано дека е силно признание од страна на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на панел во Давос со американскиот секретар за енергетика: „Македонија мора да стане активен играч во енергетиката“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на панел за енергетика во рамки на Светскиот економски форум во Давос, заедно со секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт. Тој изјави дека зад себе има успешен и инспиративен ден со средби со мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.
„Претставивме можности за инвестиции во македонската економија – нешто што значи додадена вредност за граѓаните“, рече Мицкоски во видео-обраќање.
Во фокусот на денот, како што рече, бил панелот на кој учествувале водечки светски енергетски компании. „Разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката, особено во производството на електрична енергија“, кажа Мицкоски, кој притоа истакна три клучни поенти од панелот:
Побарувачката на електрична енергија ќе расте два и пол пати побргу од вкупната побарувачка на енергија во светот во наредните години. „Македонија не смее да биде нем набљудувач, туку активен чинител“, порача тој, повикувајќи на рестарт на проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост.
Во следните десет години, светот ќе треба да изгради капацитети што ќе произведуваат 40.000 терават-часови електрична енергија – што е 5.500 пати повеќе од целата потрошувачка на Македонија, и приближно колку што трошат САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно. Причина за ова е експанзијата на вештачката интелигенција и дата центрите што работат исклучиво на електрична енергија.
Македонија треба да ја диверзифицира економијата и од фокус на автомобилската индустрија да стане значаен играч во енергетиката, користејќи ги постојните ресурси и потенцијали за обновлива енергија.
„Убеден сум дека можеме да успееме како држава во оваа насока“, изјави премиерот.
Македонија
МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час
Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.
„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.
Фото: МВР
Македонија
Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР
Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 степени, додека максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, јавува УХМР.
За Скопје се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Во Скопје, исто така, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу -6, а максималната ќе биде до 2 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе продолжи претежно стабилно време, со појава на магла во поодделни котлини. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, односно снег на планините и повисоките места.

