Црна хроника
174 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.