Забава
Една од најубавите принцези на светот – идна кралица на Шпанија
По посетата на шпанскиот крал Филип Шести и кралицата Летиција на Загреб, многумина ги коментираат елеганцијата и убавината на Летиција, надалеку позната по својот беспрекорен моден стил.
Таблоидите пишуваат и за нивната најстара ќерка, Леонор. Имајќи предвид дека кралот и кралицата немаат машки деца, таа ја задржува титулата принцеза од Астурија и е претпоставена наследничка на шпанскиот трон.
Леонор има 17 години и веќе важи за една од најубавите принцези на светот.
Оваа принцеза еден ден ќе стане кралица на Шпанија. Иако шпанското кралско семејство не ја ужива популарноста на британското кралско семејство, Леонор е сакана во својата земја и ги извршува кралските должности од десетгодишна возраст.
Филип Шести и Летиција станаа крал и кралица во 2014 година по абдицирањето на татко му Хуан Карлос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Еминем, Хејли Џејд е бремена
Биолошката и најмладата ќерка на Еminem, Хејли Џејд, го чека своето прво дете со сопругот Еван Меклинток.
51-годишниот музичар ја откри среќната вест во спотот за неговата песна Temporary. Видеото содржи стара домашна снимка од неговата ќерка. На крајот од видеото, Еминем сподели видео каде Хејли Џејд му открива дека го чека своето прво дете.
Тогаш Хејли објави и неколку фотографии со сопругот на Инстаграм и откри дека ќе стане мајка.
За потсетување, Хејли Џејд кон средината на мај се омажи за својот долгогодишен партнер Еван Меклинток, а на социјалните мрежи сподели фотографии од венчавката. “Оваа недела се разбудив како сопруга. Не можевме да замислиме подобра и поубава прослава. Пролеаvme толку солзи радосници. Многу се смеевме и можеше да се почувствува толку многу љубов”, напиша тогаш во описот на објавата.
Додаде дека таа и Еван се благодарни што толку многу членови на семејството и пријатели отпатувале за да ги поддржат и да бидат дел од нивното ново животно поглавје. Двојката се запозна на колеџ и почна да се забавува во 2016 година. Многу следбеници и ја честитаа свадбата.
Да потсетиме, раперот и неговата поранешна сопруга Ким Скот ја добија Хејли во 1995 година. За разлика од многу славни деца, Хејли никогаш не сакала да биде во очите на јавноста.
Дипломирала на Државниот универзитет во Мичиген со диплома по психологија во 2018 година. Пред две години, таа го започна подкастот Just A Little Shady со нејзината пријателка Британи Едни, а потоа создаде модна линија.
Еминем има уште две ќерки. Тој ја посвои Алаина Скот во 2002 година. Нејзината биолошка мајка, покојната Доун Скот, е сестра близначка на поранешната сопруга на Еминем, Кимберли. Покрај неа, тој ја посвоил и Витни Матерс, девојка која Кимберли ја имала со друг маж.
Забава
Колдплеј заминува во „пензија“ по 12. албум
Колдплеј се подготвува за пензија. Ова го откри фронтменот на бендот Крис Мартин, велејќи дека и 12-тиот албум на бендот ќе биде последен.
„Ќе снимиме 12 албуми и тоа е тоа“, изјави тој во интервју за Apple Music за најавата за новиот албум. Нивниот десетти албум, Moon Music, излегува на 4 октомври, оставајќи им на фановите само уште два да очекуваат.
На прашањето зошто бендот си наметнува лимит, Мартин рече:
„Постојат само седум книги за Хари Потер. Има само 12 и пол албуми на Битлси, исто толку колку и Боб Марли, сите тие се наши идоли. Исто така, таквото ограничување наметнува и квалитет. Песната мора да биде навистина добра за да се најде на тие албуми бидејќи има ограничен број места“.
„Не сакам да се мачиме и да работиме напорно на 60 години“, вели тој. Сепак, Мартин најави и дека нема да престане да се занимава со музика. Секогаш ќе го правам тоа на некој начин, но нешто е поинаку со Колдплеј“, заклучи тој.
Coldplay е англиски алтернативен рок бенд, основан во 1996 година во Лондон. Групата ја сочинуваат пејачот, клавијатурист и гитарист Крис Мартин, гитаристот Џони Бакланд, басистот Гај Бериман и тапанарот Вил Чемпион. Новиот албум Moon Music ќе содржи 10 песни. Се зборуваше за аванс од 35 милиони фунти за албумот, што, доколку е точно, е најголемиот аванс за албум во историјата.
Забава
Филмот на Алек Болдвин, на чие снимање беше убиена снимателка, наскоро ќе ја има својата премиера
Филмот Rust ќе има премиера на полскиот филмски фестивал следниот месец, пишува CNN. Три години откако кинематограферката Халина Хачинс трагично почина на снимањето, светската премиера ќе се одржи на 23 ноември на фестивалот EnergaCAMERIMAGE, со панел дискусија на која ќе учествуваат режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето.
„Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на нејзината уметничка визија, колку и да беше предизвик за целата екипа, беше важно за филмскиот тим бидејќи се надеваат дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, стои во најавените проекции.
Раст е приказна за 13-годишно момче кое е оставено да се грижи за себе и за својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг во 1880-тите. Тој оди во бегство со својот одамна отуѓен дедо, откако е осуден на бесење за случајно убиство на локален сточар. Болдвин нема да биде присутен на проекцијата.
Да потсетиме, Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс во 2021 година, а на сетот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. Му се закануваше затворска казна до 18 месеци за убиство од небрежност. Актерот се изјаснил за невин и рекол дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум.
Во јули оваа година тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност. Кога судијата го прогласи за невин, актерот се расплака, а неговата сопруга Хиларија Болдвин истрча да го прегрне, која плачеше заедно со него.
Неколку месеци претходно, реквизитерката Хана Гутиерез-Рид, задолжена за оружје на филмскиот сет која го наполни пиштолот на актерот Алек Болдвин пред да застрела и убие снимателка на сетот на Руст во 2021 година, беше прогласена за виновна за убиство од небрежност.